IgorTodorovski

Министерството за транспорт: СДСМ изнесува неточни тврдења за поништениот тендер за електрични автобуси

May 23, 2026
1 min read

Почитувани,

СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот.

Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки.

Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација.

Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив.

Пристигнаа четири понуди од понудувачите:

Кинеската компанија Актрус со автобуси Кинг Лонг во вредност од 50 700 000 € без ДДВ, унгарско-австрискиот конзорциум Електробус Икарус- ЕВН во вредност од 50 600 000 € без ДДВ, кинеската компанија Жонг Тонг во вредност од 50 600 000 € без ДДВ и турската компанија БМЦ во вредност од 59 200 000 € без ДДВ.

Поединечните цени по автобус без полнач се: Електробус/Икарус: 314 000 €, Актрус/ Кинг Лонг: 324 000 €, Жонг Тонг: 327 000 € и БМЦ: 385 000 €.
Од ова се забележува дека сите цени се приближно исти, односно нема разлика од 12 милиони евра.

Затоа бараме јавно извинување од СДСМ, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.

Сакаме да информираме дека трите компании не ги исполнија условите за избор. Компанијата Актрус/ Кинг Лонг не достави валидна банкарска гаранција, со што понудата беше невалидна, Жонг Тонг исто така имаше невалидна банкарска гаранција, додека компанијата БМЦ воопшто не достави банкарска гаранција и не ги исполни техничките услови. Додека за Електробус Икарус ЕВН второстепената комисија за жалби по јавни набавки утврди дека одговорот за соработка помеѓу Икарус и ЕВН хартиено е потпишан, но не и електронски и затоа го поништи тендерот.

Се наметнува и прашањето зошто во денешната прес-конференција СДСМ излегува во одбрана на кинеска компанија?

Имено, дописот кој го покажуваат е од кинеската Актрус/Кинг Лонг, чијашто понуда е невалидна, но и како таква не е за 12 милиони евра поевтина.

Дали СДСМ одработува за странски интереси и зошто?

Или мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци?

Тоа се прашања за СДСМ.

Соопштение од Министерство за транспорт

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активистите на флотилата за Газа го обвинија Израел: Нѐ тепаа, понижуваа и ни пуштаа кучиња

Следно

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Реалноста ја покажуваат економските показатели

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop