Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

May 19, 2026
2 mins read

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање, здравствениот систем и понатаму функционира со ограничен опфат, доцнење во дијагностиката и сериозен недостиг од стручен кадар, што директно ги намалува шансите за успешно лекување“, е заклучокот на извештајот.

Државниот завод за ревизија, во заедничка анализа со Црна Гора, констатира дека и покрај долгогодишното спроведување на програмите за скрининг на рак на дојка и рак на грло на матка, тие сè уште не ги даваат очекуваните резултати – ниту во раното откривање ниту во намалувањето на смртноста.

Најзагрижувачки е податокот дека 80 проценти од пациентките со рак почнуваат лекување кога болеста е веќе во напреднат стадиум. Ревизорите оценуваат дека тоа укажува оти најголемиот дел од случаите не се откриваат навреме преку организиран скрининг, иако токму тоа е неговата основна цел.

Проблемот почнува уште кај опфатот на населението. Ревизорскиот извештај покажува дека скринингот за рак на дојка опфаќа меѓу 0,8 и 5,4 проценти од целната популација, додека кај ракот на грлото на матката опфатот се движи од 10,3 до 15,5 проценти. Тоа е далеку под европските препораки за организиран популациски скрининг, велат од ДЗ

Дополнителен проблем е што институциите немаат прецизни податоци колку жени биле повикани, а колку навистина се одзвале. Ревизорите предупредуваат дека информациските системи не овозможуваат систематско следење на целиот процес, па државата нема целосна слика за ефектите од скринингот.

И таму каде што има прегледи, резултатите често доцнат. За мамографските прегледи, резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај дел од пациентките и по повеќе од два месеци. Кај ПАП тестовите, пак, дел од примероците се анализираат со значително задоцнување.

„Мојот матичен гинеколог никогаш не ме повика, иако уредно се пријавив преку програмата за преглед на грло на матката со објаснување дека не го гледале реално системот ’Мој термин’, раскажува мајка на две деца од Скопје. Таа вели дека резултатите од бесплатниот ПАП-тест ги добила дури по три недели. Поради итноста на проблемот, лекувањето го продолжила во приватна болница.

Дополнителен проблем е што дел од пациентите, по првичниот скрининг, продолжуваат со дијагностика и со лекување во приватниот сектор, по што системот практично ги „губи“ од евиденција. Ревизорите предупредуваат дека токму поради тоа, нема целосни и усогласени податоци за бројот на случаи и смртни исходи.

Во периодот од 2022 до 2024 година биле земени нешто повеќе од 130 илјади примероци за ПАП-тестови, додека од 2021 до 2024 година биле направени околу 21 илјада мамографии. Но, ревизорите оценуваат дека бројките, сами по себе, не се доволни ако не постои систем кој ќе обезбеди навремено откривање, следење и лекување на пациентите. Ревизијата посочува дека недостигот од радиолози, патолози и цитолози станува сериозен проблем за функционирањето на програмите за скрининг. Во дел од јавните здравствени установи немањето лекари влијае и врз редовните прегледи, па поради зголемениот обем на активности за скрининг, се намалуваат термините за останатите пациенти.

Според извештајот, и Македонија и Црна Гора имаат слични слабости – недоволен опфат на населението, ограничени капацитети и неефикасни системи за повикување и следење. Заклучокот е дека програмите сè уште не достигнале ниво на организација што би овозможило сигурно мерење на нивниот придонес во намалувањето на смртноста од малигни заболувања. Ревизорите препорачуваат системски пристап – поголем опфат на населението, подобра промоција на скринингот, јасни рокови за дијагностика, зајакнување на кадровските капацитети и воспоставување сигурни регистри и информациски системи. Без тоа, предупредуваат, раната детекција ќе остане повеќе формална програма отколку реална шанса за навремено спасување животи. (П. А.)

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи победнички против Тотенхем

Следно

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Latest from Blog

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор

Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново. Тоневски информираше дека

Денеска на Мундијалот: Страшната Франција подготвена за ново шоу а Парагвај нека му ја мисли

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Синоќа заврши 1/16 финалето на СП, а од вечерва стартува 1/8 финалето. Се разбира дека ова е тоа вистинското, „забавата“, онаа вистинска, сега почнува. Вечерва на програтама се два меча, Канада
Go toTop