Прилеп и САД ја продлабочуваат соработката: Проданоски домаќин на американската амбасадорка Никол Варнс

May 14, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Општина Прилеп оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на градот.

Во фокусот на разговорите бил новиот Генерален урбанистички план, кој според Проданоски претставува еден од најзначајните документи за идниот развој на Прилеп.

Како територијално најголема општина во државата, Прилеп има потреба од современо урбанистичко планирање кое ќе овозможи долгорочен развој, подобра инфраструктурна организираност и поквалитетни услови за живот за граѓаните.

На средбата станало збор и за образованието и можностите за продлабочување на соработката со Амбасадата на САД, со цел отворање нови можности за младите во Прилеп.

Тема на разговор бил и туристичкиот потенцијал на градот, при што биле истакнати заложбите Прилеп сè поцврсто да се позиционира на туристичката мапа преку развој на манастирскиот туризам, културното наследство, природните убавини и алтернативните спортови.

Проданоски и Варнс разговарале и за капиталните инфраструктурни проекти, особено за изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“, кои во иднина треба да придонесат за подобра сообраќајна поврзаност, растеретување на градскиот сообраќај, намалување на метежот и загадувањето, како и за побезбеден и пофункционален сообраќаен систем.

Во рамки на средбата била потврдена и добрата соработка и партнерските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, при што било нагласено дека Општина Прилеп и во иднина ќе продолжи да ги унапредува меѓународните и билатералните односи со пријателските земји, институции и партнери.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Проданоски и американската амбасадорка Варнс разговараа за развојот на Прилеп

Следно

Средба Трамп – Џинпинг во Пекинг, отворени прашањата за Тајван, Иран и трговската војна

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop