Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

May 11, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот ‘северномакедонски’ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ“, вели Муцунски.

Тој додава дека во дипломатијата, прецизноста не е формалност туку дека е одраз на почит.

„А, како што и кажав на Весислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина“, вели Муцунски. Бугарските медиуми пренесоа изјава на Петрова – Чамова дека имале преубава средба со Муцунски.

„Имавме убава прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија (Тимчо Муцунски). Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање за дискусија меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори следната година и ако не се искористи оваа можност, навистина може да се изгуби“, изјави Петрова – Чамова, пренесе „Бгнес“.

„Овој став беше потврден денес. Мило ми е што имаме многу широк политички консензус во Бугарија за тоа. Им го кажав ова и на нашите северно-македонски партнери. Очекуваме активности од нив да покажат дека имаат целосна политичка подготвеност да продолжат напред по својот европски пат“, додаде таа.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем одигра само реми со Лидс кога најмногу му требаше победа

Следно

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop