Николоски: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завтшен во предвидениот рок

May 3, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порача дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива според планот и ќе биде завршена во предвидениот рок, отфрлајќи ги, како што рече, „невистините, лагите и манипулациите“ што се шират во јавноста

Тој реагираше на тврдењата дека проектот ќе чини милијарда евра и дека никогаш нема да биде завршен, оценувајќи ги како „небулози без ниту еден факт“. Според Николоски, ваквите изјави доаѓаат од „самопрогласени синдикални лидери“ кои, како што посочи, се обидуваат да ја доведат во заблуда јавноста.

„Нека не го замајуваат народот. За нивна жал, а за среќа на граѓаните, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, изјави Николоски.

Тој додаде дека актуелната Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, работи интензивно на проектот, за разлика од, како што наведе, претходната власт на СДСМ и ДУИ, за која тврди дека „седум години не ставила ниту камен“.

Како доказ за ангажманот, Николоски посочи дека и во недела навечер бил на работа во Министерството за транспорт, каде што последниот состанок бил посветен токму на автопатот Охрид–Кичево.

„Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, истакна министерот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал со победа над Еспањол ја одложи прославата на Барселона

Следно

ПОБУНА НА 3 ЗЕМЈИ ОД ЕУ ПРОТИВ НОВИТЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ: „Ќе се распадне како кула од карти“

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop