Проданоски: Управувањето со отпад мора да се реформира за стабилна иднина

April 29, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа во Скопје, а кој обедини претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Форумот беше отворен од амбасадорот на Шведска, Ола Сундстром, а воведни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и претставници на ЗЕЛС и SALAR International.

На настанот беше нагласена потребата од системски пристап кон управувањето со отпад и воспоставување функционален и одржлив регионален систем, усогласен со европските стандарди.

 

„Реформите во управувањето со отпад веќе не се избор, туку неопходност за одржлив развој и почиста животна средина“, истакна Проданоски.

Од Општина Прилеп посочуваат дека локалната самоуправа активно учествува во процесите преку Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад, а напредокот е веќе видлив преку реализацијата на локалните акциски планови.

Во наредниот период, како што беше најавено, фокусот ќе биде ставен на изработката на новиот Регионален план за управување со отпад (2027–2032), кој треба да овозможи подобра координација, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување модерен систем за управување со отпад.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД ИЗДАВААТ ПАСОШИ СО ЛИКОТ НА ТРАМП – Патриотски јубилеј или култ на личноста?

Следно

Вкупен промет од 19.817.442 денари, со доминација на телекомуникацискиот и банкарскиот сегмент

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на
Go toTop