Божиновска на јубилејот на ЕВН со порака за одговорен приватен сектор и цврсти институции

April 29, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска испрати јасна и недвосмислена порака: економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор.

На одбележувањето на 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“, Божиновска нагласи дека успехот на една компанија не може да се гледа изолирано, туку како дел од поширок систем во кој се преплетуваат јавниот интерес, инвестициите и развојот на општеството.

„Ова не е само јубилеј на една компанија. Ова е доказ дека кога има визија, посветеност и заедничка цел – резултатите се долгорочни и видливи. Развојот не може да биде едностран. Ниту државата може без силен приватен сектор, ниту бизнисот може да расте во средина што стагнира“, истакна министерката.

Таа потенцираше дека вистинската вредност на компаниите се мери преку нивниот придонес кон економијата и квалитетот на живот на граѓаните.

„Колку повеќе расте економската моќ на граѓаните, толку повеќе расте и потенцијалот за инвестиции и бизнис. Тоа е меѓусебна зависност. Не може едното без другото“, рече Божиновска.

Во своето обраќање, министерката посебно се осврна на улогата на приватниот сектор како двигател на иновации, модернизација и технолошки напредок, нагласувајќи дека инвестициите во енергетската инфраструктура и новите решенија не ја трансформираат само компанијата, туку ја придвижуваат целата економија.

Истовремено, Божиновска ја нагласи и клучната улога на државата.

„Нашата задача како институција е јасна – да создадеме стабилен, предвидлив и фер систем. Систем во кој граѓаните се заштитени, пазарот е регулиран, а компаниите имаат сигурност и јасни правила за инвестирање. Закони мора да има – но уште поважно, тие мора да се почитуваат“, подвлече таа.

Министерката предупреди дека без доверба нема инвестиции, а без инвестиции нема развој, особено во сектор како енергетиката, кој бара долгорочно планирање и сериозен пристап.

„Енергетиката не трпи импровизации. Таа бара одговорност, партнерства и визија. Затоа ни е потребен приватен сектор кој не само што инвестира, туку создава вредност – и институции кои тоа ќе го овозможат“, изјави Божиновска.

Осврнувајќи се на „Белата книга“, таа ја оцени како значаен документ што ја отсликува досегашната соработка, но и поставува јасен правец за иднината.

„Овој документ е огледало на едно партнерство, но и патоказ. Покажува дека кога знаењето, капиталот и институциите се усогласени – резултатите не изостануваат“, нагласи министерката.

Божиновска упати повик за продолжување на ваквиот модел на соработка, потенцирајќи дека само преку реални, мерливи и одржливи партнерства може да се изгради енергетски стабилна, економски силна и просперитетна држава.

„Да продолжиме да работиме заедно – затоа што тоа не е избор, туку предуслов за напредок“, порача министерката Сања Божиновска.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Рингишпил“ – нова емотивна балада на Дамјан Стоименовски

Следно

Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ
Go toTop