Screenshot

Борче Димитровски: Битола го финализира булеварскиот влез од страната на Прилеп

April 29, 2026
1 min read

За текот на изведбата на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп и по претходно утврдените забелешки за одредени позиции од надзорот „ЗИМ“ ( Завод за испитување на материјали) – Скопје и стручните лица на Општина Битола, денеска секретарот на општината Борче Димитровски, со одговорните лица од општината и претставник на изведувачот изврши увид на состојбата.

„Како што најави градоначалникот еден од проектите кои се реализира и за кој имаше храброст да го започне оваа локална самоуправа е булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп. Изведена е првата фаза во должина од 840 метри. Она што ќе следува е хортикултурно уредување на овој дел од влезот.

Во меѓувреме за да може да започне уредувањето од страна на општината побарано е од изведувачот да изврши корекција и да достави динамика за изведба на 11 позиции меѓу кои: поврзување на трајна водоводна линија, довод на водоводна линија за наводнување на зелените површини, отстранување на земја, корекција на велосипедските премини, корекција на жардиниерите, ограда на потпорен ѕид, корекција на асфалтот околу уличните сливници. Исто така, од надзорот е побарано да изврши проверка на 4 други позиции со цел кога ќе бидат реализирани активностите на терен да имаме комплетно и квалитетно реализирани активности согласно договорот. Завршувањето на овие активности како што напоменав е значајно и за отпочнување на хортикултурно уредување на овој простор. Би потенцирал дека корекциите кои се изведуваат по насока на стручните служби од Општината се во целост на товар и на сопствен трошок на изведувачот. Изведувачот е на терен и денес детално ќе ја информира јавноста за динамиката и активностите кои се изведуваат“ рече секретарот Димитровски.

 

Во име на изведувачот за актуелната состојба и динамиката на изведба на работите зборуваше Методија Силјановски-претставник на „БВ Инженеринг“.

„Фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола како изведувач на градежните активности на улицата „8-ми Септември“ во должина од 840 метри комплетно со сите инфраструктурни инсталации кои се во рамките на таа улица, ги заврши околу 95 проценти во 2025 година. По завршувањето на овие активности заедно со надзорот и стручните служби од Општина, се излезе на терен, се изврши увид во кој се состави еден записник за работи или позиции кои треба да се дозавршат за да се комплетира проектот и да се стави во употреба.
Согласно временските услови се пристапи кон изведување на тие активности во кои беа: изградба на заштитна ограда во должина околу 350 метри која е веќе при крај, а одреден дел само да се доисфарба, влезно-излезни глави на пропустот кои се во тек. Во рамките на проектот не беше планирано да се изврши одводнување на зелениот појас, се пристапи и кон таа активност која е во тек и во рок од три недели од денешен ден треба да бидат комплетирани сите градежни активности на оваа улица со што ќе се изврши повторен увид од страна на стручните лица на Општина Битола заедно со надзор и ние како изведувач и ќе се утврди дали тие забелешки се отстранети“ рече Силјановски.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Инвестиција од над 48 милиони денари за спортска сала во Битола

Следно

„Рингишпил“ – нова емотивна балада на Дамјан Стоименовски

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop