Screenshot

Коњановски: Инвестиција од над 48 милиони денари за спортска сала во Битола

April 29, 2026
1 min read

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ во Битола. Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на локацијата каде ќе се реализира овој значаен проект.

Станува збор за изградба на училишна фискултурна сала со површина од 650 метри квадратни, наменета за реализација на спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет и пинг-понг.

Објектот ќе се состои од две секции – една со помошни простории, вклучително соблекувални, канцеларија и санитарни јазли, и втора секција која ќе биде фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина од 7,6 метри.

 

Вкупната вредност на проектот изнесува 48.297.406 денари, средства обезбедени преку вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, како и дел од буџетот на Општина Битола.

Со реализацијата на овој проект, значително ќе се подобрат условите за спорт и физичко образование на учениците во училиштето.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Обединетите Арапски Емирати го напуштаат ОПЕК,ќе можат да произведуваат и до 5 милиони барели нафта дневно

Следно

Борче Димитровски: Битола го финализира булеварскиот влез од страната на Прилеп

Latest from Blog

Божиновска: Потпишан грант од 2,4 милиони долари за подготовка на когенеративната централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка, со кој започнуваат подготвителните активности за реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop