Општина Аеродром започна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче

January 12, 2023
1 min read

Општина Аеродром започна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче. Станува збор за инвестиција од 60 милиони денари, со која се предвидува целосна реконструкција на улицата Мите Богоевски во должина од 1245 метри, како и улиците „Црноризец Храбар“ и „Илија Димовски“ со вкупна должина од 1000 метри.

Оваа инвестиција во уличната инфраструктура ќе се реализира во две фази, а има цел да ја подобри безбедноста и отпорноста на патиштата во овој дел од општината. Средствата за овој проект се обезбедени од Светска банка, преку проектот на Министерството за транспорт и врски за финансирање на инвестиции и во инфраструктурата на општинските патишта и улици.

На увид во почетокот на градежните активности денеска присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски.

„Во населбата Лисиче започнаа градежните работи кои вклучуваат реконструкција на три улици. Со ова практично започнува еден важен инвестициски циклус во инфраструктурата кој го најавивме минатата година, а во чии рамки ќе бидат реконструирани сообраќајници и ќе бидат изградени нови улици, пешачки патеки и паркинзи во неколку населени места во општината“, истакна тој во својата Фејсбук објава.

Реконструкцијата на улиците во населбата Лисиче опфаќа целосна замена на асфалтот на коловозот, кои се широки по шест метри, како и на тротоарите од каде што дотраениот и оштетен асфалт ќе се замени со бекатон-плочки и други павер-елементи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Османи од Виена: Нашиот фокус ќе бидат луѓето, ОБСЕ мора да даде резултати во овие тешки времиња

Следно

ПОВРАТЕНИ 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ИМОТОТ НА FTX, ќе се офајдат ли доверителите?

Latest from Blog

Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, позната по брендот „Винчини“, побарана помош од соседните општини

Пожар избил попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, посебно позната по производите од брендот „Винчини“. Пожарот го зафатил магацинот и неколку производни погони, информираат од Центарот за управување со кризи. -Денес, во

Левица со поддршка за Зоран Николовски во трката за градоначалник на Битола

Партијата Левица денеска официјално објави дека на претстојните локални избори ќе застане зад независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски. „Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа

На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга

Низ Србија вечерва протести под мотото – „Со ’рбет против насилството“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени. Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата
Go toTop