Шилегов: Постапката за „Пулс“ во прва фаза ќе трае најмалку пет години

April 28, 2026
1 min read

„За ова е свесен и судот, свесно е и обвинителството, не знам колку јавноста е свесна, а и родителите треба да знаат – за жал оваа постапка ќе трае најмалку 5 години. Во најдобра рака ќе трае 5 години во прва фаза“, изјави адвокатот Петре Шилегов во судницата, оценувајќи ја динамиката и сложеноста на судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска влезе во нова фаза со изведување на материјални докази, по завршувањето на најголемиот дел од сведочењата предложени од Обвинителството

Во рамки на денешното рочиште беа презентирани над 60 обдукциски извештаи, кои покажуваат дека најголемиот број од жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, односно од густ чад кој брзо го исполнил просторот. Дел од жртвите, според наодите, починале и од компресија на градниот кош, што укажува на стампедо при обидот за евакуација

Покрај изведувањето на обдукциските наоди, одбраната на дел од обвинетите повторно поднесе барања за укинување или замена на мерките притвор со поблаги мерки поради здравствени причини, додека Обвинителството најави дека во наредниот период ќе продолжи со изведување на останатите материјални докази, како и со ангажирање на вешти лица за појаснување на утврдените наоди

Од Обвинителството посочуваат дека остануваат уште мал број сведоци кои евентуално би можеле да бидат сослушани, но нивното присуство е неизвесно, поради што постои можност нивните претходни изјави да бидат прочитани во судницата, со што доказната постапка сè повеќе се насочува кон писмени и материјални докази

Судскиот процес, кој започна на 19 ноември 2025 година, продолжува во судницата во КПУ „Идризово“, каде обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а предметот се смета за еден од најобемните во поновата судска практика.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

НОМАГАС: Македонија станува енергетски јазол: интерконекторите носат нова позиција на Балканот

Следно

Рубио: Моџтаба Хамнеи е можеби жив

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на
Go toTop