Проданоски и Николоски извршија увид: завршена реконструкцијата на „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

April 27, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена.

Со проектот се уредени тротоари во должина од 600 метри со бекатон плочки, поставено е ново улично осветлување со 21 канделабра, како и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци. „Просторот, кој претходно беше неосветлен и неуреден, сега е функционален и побезбеден за движење и рекреација“, истакна Проданоски.

Кејскиот појас добива нов изглед и значење како пешачка зона, особено за жителите од овој дел на градот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 7 милиони денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со поддршка од Светска банка.

Од општината информираат дека со рационално користење на ресурсите е постигната заштеда на материјали, кои ќе бидат искористени за дополнително уредување на простор во населбата Бончејца, каде е предвидена изградба на ново детско паркче на површина од околу 300 квадратни метри.

Во наредниот период се планира реализација на нови проекти со поддршка од Министерството за транспорт, меѓу кои реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на улицата „11 Октомври“, како и поставување технички средства за смирување на сообраќајот на околу 20 локации низ општината.

Со овие активности, локалната и централната власт продолжуваат со инвестиции насочени кон подобрување на инфраструктурата и секојдневието на граѓаните.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Коњановски: Инфраструктурен бум во Битола – 53 километри нови и реконструирани улици

Следно

СТАРМЕР НА МРАЗ: Британскиот парламент гласа за започнување истрага

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ИФЦ е клучен партнер за инвестиции и економски раст

16 јуни 2026 година, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена
Go toTop