Коњановски: Инфраструктурен бум во Битола – 53 километри нови и реконструирани улици

April 27, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција информираше за тековните и планираните проекти во градот, нагласувајќи дека во моментов се реализираат над 80 проекти со поддршка од Владата и дека се работи на 21 локација.

Тој истакна дека и покрај проблемите што се јавуваат на терен, општината континуирано работи на нивно решавање, потенцирајќи дека Битола бележи најголем инфраструктурен развој во последните години.

„Работата не може секогаш да биде совршена, но секогаш сме подготвени да се извиниме, да корегираме и да продолжиме напред“, изјави Коњановски, додавајќи дека локалната самоуправа има силна поддршка од Владата.

 

Во делот на детската заштита, тој информираше дека се работи на отворање нови градинки со цел намалување на листите на чекање. Новата градинка во Нова Битола е завршена и ќе згрижува 153 деца, додека градинката во АРМ, со капацитет од 246 деца, е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана до крајот на третиот квартал.

Коњановски се осврна и на изградбата на улицата „СРУ5“, која ги поврзува „Партизанска“ и „Крушевска Република“, посочувајќи дека станува збор за значаен сообраќаен проект со велосипедски патеки. Во однос на трансформаторот на трасата, нагласи дека решението е согласно постојната проектна документација и дека паралелно се работи на негово надминување.

Како капитален проект ја посочи и новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која се гради на површина од 3300 квадратни метри, со инвестиција од над 52 милиони денари од општинскиот буџет и дополнителен грант од околу еден милион евра.

Во однос на сообраќајната инфраструктура, градоначалникот информираше дека се реконструирани и изградени 53 километри патишта, а се работи и на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп, проект кој, како што рече, е од стратешко значење за градот.

Дополнително, најави изградба на шест нови паркинзи со над 150 паркинг-места, како и реализација на бројни спортски проекти, меѓу кои реконструкција на училишни игралишта, изградба на спортски сали и нови спортски терени.

Коњановски истакна дека општината обезбедила и средства од европски фондови, вклучително и еден милион евра за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на повеќе улици.

На крајот, најави почеста комуникација со медиумите, со редовни брифинзи двапати месечно, со цел навремено информирање на јавноста за сите тековни активности.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски и Николоски извршија увид на реконструираниот „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Следно

Проданоски и Николоски извршија увид: завршена реконструкцијата на „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop