Проданоски и Николоски извршија увид на реконструираниот „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп

April 27, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, извршија увид на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, каде реконструкцијата е целосно завршена.

Со проектот се уредени тротоари во должина од 600 метри со бекатон плочки, поставено е ново улично осветлување со 21 канделабра, како и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци. “Просторот, кој претходно беше неосветлен и неуреден, сега е функционален и побезбеден за движење и рекреација“, истакна Проданоски.

Кејскиот појас добива нов изглед и значење како пешачка зона, особено за жителите од овој дел на градот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 7 милиони денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со поддршка од Светска банка.

 

Од општината информираат дека со рационално користење на ресурсите е постигната заштеда на материјали, кои ќе бидат искористени за дополнително уредување на простор во населбата Бончејца, каде е предвидена изградба на ново детско паркче на површина од околу 300 квадратни метри.

 

Во наредниот период се планира реализација на нови проекти со поддршка од Министерството за транспорт, меѓу кои реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на улицата „11 Октомври“, како и поставување технички средства за смирување на сообраќајот на околу 20 локации низ општината.

Со овие активности, локалната и централната власт продолжуваат со инвестиции насочени кон подобрување на инфраструктурата и секојдневието на граѓаните.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје ги отвори раните уписи со попусти до 1.200 евра и платена пракса

Следно

Коњановски: Инфраструктурен бум во Битола – 53 километри нови и реконструирани улици

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop