Проданоски најави модернизација на игралиштата и нова спортска сала во Мало Коњари

April 24, 2026
1 min read

Општина Прилеп продолжува со инвестиции насочени кон подобрување на условите за детска игра и спорт, со акцент на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните во повеќе населби.

Како дел од оваа политика, веќе е потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје. Паралелно, започнати се активности за изградба на уште едно игралиште во типската населба, во близина на стадионот со вештачка трева.

Во истиот дел од градот, постоечкото игралиште кај црквата ќе биде целосно реконструирано поради неговата дотраеност. Средствата за овој проект веќе се обезбедени, а јавната набавка се очекува да биде објавена во наредниот период.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, посочи дека овие активности се дел од поширок пристап за системско унапредување на инфраструктурата во сите населби. Во тек е и анализа на состојбата на постоечките игралишта, со цел да се утврдат приоритетите за реконструкција или изградба на нови содржини таму каде што има најголема потреба.

Дополнително, предвидена е реконструкција на спортските игралишта во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски“, каде ќе биде поставена современа тартан подлога, што ќе овозможи подобри услови за спорт и физичка активност на учениците.

Во рамки на инвестициите во спортската инфраструктура, планирана е и изградба на нова спортска сала во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, што претставува значаен чекор за унапредување на условите за спорт во ова населено место.

Од Општина Прилеп информираат дека со реализацијата на овие проекти продолжуваат вложувањата во инфраструктура која придонесува за здрав развој, активен живот и повисок квалитет на живеење за сите граѓани.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието

Следно

Баерн избегна суспензија на теренот во Минхен, но доби жестока парична казна

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop