Screenshot

Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието

April 24, 2026
1 min read

Штип, 24.04.2026 – Akuo, глобален производител на обновлива енергија, во партнерство со Eco Logic, невладина организација посветена на промоција на еколошките вредности преку образование, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го започнува проектот Akuo EduLab, пилот-иницијатива насочена кон зајакнување на образованието за одржливост во Република Северна Македонија. Иницијативата е поддржана од Француската амбасада во Република Северна Македонија.

Проектот ги поддржува студентите од образовните науки во стекнувањето зелени компетенции и им дава можност ова знаење да го пренесат на ученици од основните училишта на возраст од 6 до 12 години, преку активности што ќе се реализираат во училиштата.

Се очекува Akuo EduLab да придонесе темите поврзани со одржливоста, животната средина и енергетската иднина да станат повидлив и посуштински дел од современото образование. Проектот е осмислен како хибриден модел што ги поврзува високото образование и училишната практика, со цел да се создаде подостапен, интерактивен и применлив модел за учење за одржливост.

„Како компанија што инвестира во обновлива енергија и долгорочен развој, веруваме дека одржливата иднина се гради не само преку нови енергетски капацитети, туку и преку знаење, образование и силни локални партнерства. Со Akuo EduLab сакаме да придонесеме темите за одржливост да им бидат поблиски, поразбирливи и поприменливи на младите, а воедно да им помогнеме на идните наставници да стекнат практични алатки што ќе ги користат во својата работа“, изјави Емил Бакиќ, директор на Akuo Balkans.

Програмата ќе опфати теми како обновливи извори на енергија, биодиверзитет, одржливо градинарство, системско размислување и еколошка комуникација, со акцент на практично учење и содржини приспособени на локалниот контекст.

„За нас е особено важно што преку Akuo EduLab одржливоста не останува само концепт, туку станува конкретна образовна практика. Проектот е значаен затоа што создава реална врска меѓу еколошкото образование, наставната практика и локалниот контекст“, изјави Никола Нешкоски, програмски директор на Eco Logic.

Се очекува проектот директно да вклучи околу 20 студенти од Факултетот за образовни науки и 20 наставници од основните училишта, а индиректно да опфати повеќе од 400 ученици во Општина Штип. Меѓу очекуваните резултати е и систематизацијата на стекнатото искуство преку подготовка на посебен практичен прирачник, со цел моделот подоцна да може да се применува, надградува и приспособува и во други образовни средини.

„За нас, Akuo EduLab претставува вредна можност студентите да го надградат своето академско знаење преку практична примена во реална образовна средина. Особено е важно што преку овој проект ќе работат на теми што стануваат сè порелевантни во современото образование и ќе стекнат искуство што ќе биде корисно за нивниот понатамошен професионален развој“, изјави проф. д-р Трајче Стојанов, декан на Факултетот за образовни науки.

Со вложување во идните наставници и создавање простор децата уште од рана возраст да се запознаат со темите за одржлив развој, проектот има цел да придонесе кон посилна еколошка свест, унапредени педагошки капацитети и поблиска соработка меѓу универзитетите и училиштата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ruskoska për rastin “Pulse”: Është jologjike që një ministër nga viti 2012 të mbajë përgjegjësi për një rast që ka ndodhur 13 vite më vonë

Следно

Проданоски најави модернизација на игралиштата и нова спортска сала во Мало Коњари

Latest from Blog

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат
Go toTop