Зеленски најави видео-учество на конференцијата на Г7 во мај во Јапонија

March 21, 2023
1 min read

Зеленски зборуваше на прес-конференција во Киев покрај јапонскиот премиер Фуми Кишида, кој денеска беше во ненајавена посета на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави дека преку видео врска ќе учествува на самитот на Г7 планиран за мај во Хирошима, Јапонија.

Зеленски рече дека ја прифатил поканата и ќе присуствува на онлајн самитот на Групата седум најбогати либерални демократии во Хирошима. Зеленски зборуваше на прес-конференција во Киев покрај јапонскиот премиер Фуми Кишида, кој денеска беше во ненајавена посета на Украина.

За време на неговата посета на Украина, Кишида го посети Буча, град блиску до Киев, кој стана симбол на руските злосторства врз цивилите, а потоа се сретна и со Зеленски.

По средбата со јапонскиот премиер Кишида, Зеленски на новинарите им рече дека неговиот тим ја испратил својата мировна формула во Кина, но дека сè уште не добиле одговор.

Кишида рече дека руската инвазија на Украина е „срам што ги поткопува темелите на меѓународниот правен поредок“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Ахмети архитект на модерна Северна Македонија

Следно

Велика Британија го отфрли тврдењето на Путин за муниција со осиромашен ураниум

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop