Османи: Ахмети архитект на модерна Северна Македонија

March 21, 2023
1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите во ДУИ, митингот на ДУИ во Чаир, преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за надворешната политика на Северна Македонија.

Османи откри дека во саботата, во Охрид добил СМС порака од висок дипломатски претставник, кој му кажал дека е горд на напорите на Али Ахмети да помогне околу преговорите помеѓу Белград и Приштина, како и дека Ахмети е влијателен политичар во регионот.

„Видете, како што вели еден аналитичар од Косово, Али Ахмети е архитект на модерна Северна Македонија. Неговата визија за државата е европска држава, сите заедно да чекориме кон ЕУ – Македонци, Албанци и сите други заедно.

Јас сум министер за надворешни работи на Северна Македонија. Моите јавни изјави се државни ставови, не се лични. Ние имаме одлични односи и со Косово и со Србија и сакаме овие две држави да најдат компромис“, истакна Османи.

Тој вели дека откако е дојден како МНР, модифициран е ставот на МНР кон прашањето меѓу Косово и Србија.

„Нашиот став сега гласи: „Ние поддржуваме спроведување на договорот меѓу Косово и Србија, кој води кон меѓусебно признавање на двете држави““, порача Османи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Силниот земјотрес во Авганистан почувствуван во седум држави – загина тринаесетгодишно девојче

Следно

Зеленски најави видео-учество на конференцијата на Г7 во мај во Јапонија

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop