Screenshot

Малопродажните цени благо пораснале за 0,43%, маржите намалени за 0,48% – сигнал за стабилизација

April 15, 2026
1 min read

Малопродажните цени во Македонија бележат минимален пораст од 0,43 проценти во анализираниот период, покажуваат најновите податоци од Министерството за економија и труд, изработени во соработка со Државниот пазарен инспекторат.

Анализата опфаќа 55 најпродавани прехранбени и непрехранбени производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година. Резултатите укажуваат дека, и покрај растот на набавните цени од 1,01 процент, крајните продажни цени останале релативно стабилни.
Во исто време, просечната бруто-профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28 проценти на 15,80 проценти, што според надлежните институции значи дека дел од ценовниот притисок е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните.

Кога станува збор за поединечните категории производи, кај основните прехранбени производи е регистриран благ пораст од 0,45 проценти, при што најголемо зголемување има кај киселото млеко, сирењето, јајцата и маслото.
Од друга страна, кај безалкохолните пијалаци е евидентиран пад на цените од 1,01 процент, додека кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86 проценти, и покрај порастот на цените кај доматите и кромидот.

Во делот на непрехранбените производи, односно кај основните хигиенски производи, е забележан пораст на цените од 1,42 проценти.
Министерството за економија оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, а како главна причина се посочува намалувањето на трговските маржи.

Од таму најавуваат дека ќе продолжат активно да ги следат состојбите на пазарот и, доколку има потреба, ќе предложат соодветни мерки за дополнителна стабилизација на цените, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Историски проект – целосна реконструкција на Старата чаршија

Следно

Sot promovohet flota e re e automjeteve të Postës së Maqedonisë në Shkup

Latest from Blog

Заврши грејната сезона, радијаторите ќе се вклучуваат по потреба

Грејната сезона официјално завршува денеска, но радијаторите нема целосно да се изладат доколку температурите паднат под 12 степени во наредните две недели. Регулаторната комисија за енергетика појаснува дека до 30 април трае

Герила акција на навивачите на Баерн: „Полноќно“ будење пред хотелот на Реал Мадрид (ВИДЕО

Вечерва во Минхен се игра реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите во кое се среќаваат екипите на Баерн и Реал Мадрид. Првиот дуел во Мадрид заврши со победа на Баварците

Коњановски: Жените претприемачи се клучни за економскиот раст на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на конститутивната седница на вториот по ред Совет за женско претприемништво, кој претставува советодавно и координативно тело формирано со цел поттикнување, развивање и поддршка
Go toTop