Напнати преговори меѓу САД и Иран- времето пребргу минува, останаа уште неколку часа до заканата на Трамп

April 7, 2026
2 mins read

Постигнат е одреден напредок во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во последните 24 часа, но договор за прекин на огнот до крајниот рок што го постави американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во 20 часот по источноамериканско време (02:00 часот по наше време) се уште е малку веројатен, пишува Аксиос.

Тоа е оценката на еден американски и еден израелски функционер, како и два други извори запознаени со преговорите.

Еден американски функционер рече дека пристапот во Белата куќа се променил од прашањето „Дали е ова изводливо? до „Дали ова е изводливо до 20 часот вечерва?“.

Неуспехот да се постигне договор до крајниот рок, или барем да се постигне доволно напредок за да се убеди Трамп да го продолжи, би довело до невидена ескалација на конфликтот.

Трамп се закани со уништување на иранските мостови и електрани доколку Иран не се согласи да го отвори Ормутскиот теснец, а спомена и други цели како што се нафтената и водната инфраструктура.

„Вечерва ќе умре цела цивилизација и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Од друга страна, Иран соопшти дека ќе возврати со напад врз енергетските и водните капацитети во земјите од Персискиот залив.

Главните пречки за договор

Според изворите, клучните предизвици во моментов се исполнувањето на барањето на Иран за цврсти гаранции дека САД и Израел нема едноставно да ја продолжат војната по истекот на прекинот на огнот, како и бавното темпо на одговор од иранското раководство поради безбедносната ситуација. Во меѓувреме се појавија спротивставени информации за состојбата на преговорите.

Волстрит журнал објави дека Иран ја прекинал директната комуникација поради заканите на Трамп, додека Њујорк Тајмс објави дека Иран се повлекува од преговорите. Иранските државни медиуми, како што е Техеран Тајмс, ги отфрлија наводите.

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит, рече дека само Трамп знае „каква е ситуацијата и што ќе направи“, додавајќи:

„Иранскиот режим има рок до 20 часот по средноевропско време да одговори на предизвикот и да постигне договор со САД.

Во текот на изминатите две недели, САД и Иран разменија предлози со посредство на Пакистан, Египет и Турција. Во преговорите се вклучени и потпретседателот Џеј-Ди Венс, пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и советникот и зет на Трамп Џаред Кушнер. Виткоф, наводно, има директен канал за комуникација со иранските власти, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Опции на маса

Главната опција за која се разговара е серија мерки за градење доверба од двете страни, со цел повторно отворање на Ормускиот теснец во замена за гаранции дека војната ќе заврши. Се размислува и за 45-дневен прекин на огнот кој ќе овозможи преговори за поширок договор.

„Сè е поврзано. Дефинитивно е на маса прекин на огнот“, потврди американскиот официјален претставник.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

Следно

Tre ambasadorë të rinj raportuan para Kuvendit! Zendeli shkon në Danimarkë, Blazhevski në Ukrainë, ndërsa Trpevski në Shqipëri

Latest from Blog

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop