Дали заминувањето на шефот за јавни набавки во ЈПДП е поврзано со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“?

March 21, 2023
1 min read

Дали е точно дека од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) си заминал раководителот на секторот за јавни набавки по тендерот за избор на надзор над изградбата на четири автопатски делници од „Бехтел и Енка“ – беше едно од прашањата до директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, во интервјуто за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Од интервјуто на Ејуп Рустеми за „360 степени“

Еве што одговори директорот Рустеми:

„Јас можам да кажам дека раководителот за јавни набавки заминал од јавното претпријатие, а тој бил главниот раководител на секторот за јавни набавки. Комисијата беше, членовите се јавни, кои биле и во одредената постапка, по целосното завршување на одреден постапка за избор на оваа постапка, тој самиот побарал да замине на некоја друга работа.“

Во разговорот, новинарот Александар Димитриевски го соочува Рустеми, чиј потпис стои на договорот со конзорциумот предводен од италијанската „ИРД инженеринг“, со проблематичните аспекти што досега беа пласирани во јавноста – вртоглаво високите суми буџетирани за експертите ангажирани во надзорот, повеќекратните разлики на овие суми споредени со сумите за истите работни позиции во надзорот на другите автопати што се градат во земјава, фактот што најголем дел од 22,3 милиони евра ќе поминат преку домашната и неискусна во областа на надзор „Електра солушнс“, промената на условите по првиот поништен тендер…

Интервјуто може да го прочитате и погледнете на линкот подолу.

Во емисијата во која беше емитуван разговорот со Рустеми, „360 степени“ објави и нови спорни аспекти на веќе проблематизираниот договор за надзор над „Бехтел и Енка“. Имено, во договорот објавен на порталот на Бирото за јавни набавки фалат клучни документи за 23-ца од вкупно 81 експерт што треба да работат на надзорот. За нив не е објавен доказ дека се вработени или ангажирани со договор за дело од некоја од четорите фирми членки на победничкиот конзорциум или од некој од подизведувачите. А тоа е услов за валидна понуда и валиден договор.

Исто така, Министерството за транспорт и врски одбива да ги каже имињата на инженерите со кои „Електра солушнс“ аплицирала и добила лиценца А за надзор во текот на јавната набавка, со образложение дека станува збор за заштита на лични податоци, иако во договорот се објавени матични боеви, адреси и други податоци за сите 81 лице што треба да бидат дел од надзорот. Подетално на линкот што следува.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија нема потрошено ни едно евро од ветените 100 милијарди за одбрана

Следно

Изречени казни од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала

Latest from Blog

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета од нуклеарна подморница

Кина тестираше ракета со голем дострел во Јужниот Пацифик; Австралија го оцени потегот како „дестабилизирачки за регионот“ Лансирањето на ракетата се случи само неколку часа откако Австралија и Фиџи потпишаа договор за

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба

На Македонската берза промет од 14,5 милиони денари, доминираше Комерцијална банка

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската

Клоп со порака до Американците: “Оставете го Балогун на клупата!“

фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X) Легендарниот Јирген Клоп, новиот селектор на Германија исто така ја критикуваше одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред осминафиналниот

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН, политиката имала улога во поразот на БиХ

Американскиот претседател потврди дека лично побарал од претседателот на ФИФА повторно да се разгледа црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во мечот кој го одиграа САД и Босна и Херцеговина. Изјавата
Go toTop