Изречени над 220 казни за возачите во Скопје

March 21, 2023
1 min read

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за непрописно престројување, три мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, три санкции за користење мобилен телефон за време на возење, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Катарскиот шеик утре ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Следно

Бајден потпиша закон со кој се декласифицираат документите за потеклото на ковид-19

Latest from Blog

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот
Go toTop