Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир

March 21, 2023
1 min read

Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, којшто ќе има површина од 30.000 метри квадратни.

Изградбата на паркот ја најавија вчера на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, придружувани од директорот на ЈП „Улици и патишта“ Саид Саиди и на Паркови и зеленило – Скопје Зухејр Реџепи, заедно со пратениците Изет Меџити и Мерита Коџаџику

Тие информираа дека во овој парк ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.

Во паркот се предвидени два нови спортски терени, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, едно игралиште за фитнес, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Изградбата на Мега-паркот во општина Чаири е производ на меѓуопштинска соработка меѓу општина Чаир и Град Скопје.

Мега Паркот се наоѓа на улицата „Македонско-Косовска Бригада “, во населбата Топанско Поле. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Францускиот амбасадор во Приштина најави последици доколку не се почитуваат договорите од Охрид и Брисел

Следно

Катарскиот шеик утре ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop