Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

March 24, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, таа посочи дека е изненадена од најавите дека известителот Томас Вајц вторпат подготвува извештај и бара од правната служба на Советот толкување на Вториот протокол поврзан со договорот за добрососедство со Бугарија.

Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот од 2017 година нема ниеден збор за уставни измени потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.

– Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Таа истакна дека прашањата за малцинствата и јазичната политика не се регулирани на ниво на Европската Унија, туку се суверено право на државите, и оцени дека во случајот со Македонија има отстапување од овие принципи.

Претседателката додаде дека не е вината само европска и надворешна, не е само бирократска, туку е и наша.

– Тоа зависело и од македонски политичари, кои веројатно мислеле наивно дека со тоа ќе заврши тажната приказна на маратонот и ќе почне нова европска ера. Ама не е така – рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Следно

ТРАМП НА ЈАВНА СЦЕНА: “Ти прв рече дека треба да ги нападнеме…“

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop