Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

March 22, 2026
2 mins read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати.

– Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат. Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе пратиме и понатаму и ќе видиме дали овој процент ќе остане ист и како ќе се одвива понатаму, рече Божиновска во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерката кажа дека Владата разговарала со 95 проценти од снабдувачите и дека добиле уверување дека нема никаков проблем со снабдувањето.

– Тука е и ОКТА и продуктоводот. Сите не уверија дека нема проблеми. Ги имаме и стоковите резерви за околу 60 дена. Моментално нема никаков проблем, но ќе следиме како ќе се одвива потрошувачката и во пограничните делови, рече Божиновска.

Министерката исто така кажа дека 160 000 литри гориво се точи во пограничните региони бидејќи имаме најниска цена во регионот.

Божиновска рече дека утре повторно ќе има средба со претставници на ОКТА на која треба да се разговара за цената на горивата, како што денеска најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Утре ќе се јавиме пак и ќе видиме што може за понатаму да се направи се со цел граѓаните да немаат некои големи ценовни шокови, рече Божиновска.

Министерката не соопшти колкаво ќе биде владиното побарување за намалување на цените.

-Ќе дискутираме секако. Ние како држава ќе се залагаме што повеќе, тие како трговци ќе имаат свој став, меѓутоа кажувам дека се што ќе биде договорено ќе биде за намалување на тие ценовни шокови што ќе се одрази на финалната цена што граѓаните ќе ја видат, рече Божиновска.

Таа потсети дека на 13 март веќе беше постигнат договор со ОКТА која ја намали цената на горивата за 45 долари, што подоцна резултираше со можност за намалување на цените на горивата на бензинските пумпи за два денари.

Владата, потенцира таа ги следи одлуките на Регулаторната комисија, берзите, ПЛАТ каде што котираат тие цени.

На прашањето кои други мерки би можеле да се применат, Божиновска рече дека постојат многу типови на мерки, но дека со мерката што денеска ја соопшти Владата за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти граѓаните заштедуваат шест до седум денари, а дека веќе претходно во договор со ОКТА имало намалување за уште два денари.

-Кога станува збор за акцизата можеме да одиме со намалување од еден денар, два денари и максимум на четири денари. Тоа е доколку цените на ПЛАТ се над 1200 долари. Меѓутоа со нашата одлука да го намалиме ДДВ-то од 18 на 10 проценти тоа е некои шест до седум денари. Ние одбравме прво да одиме со поголемата мерка од шест до седум денари. Ние имаме план, следиме. Јас сум во контакт и со министрите за енергетика на соседните држави, секако разговараме и со Брисел и со Австрија и ги следиме секој ден цените и давачките и секоја земја какви мерки има. Следен чекор може да е 5 проценти ДДВ-то и финално 0, но исто така тука е и акцизата еден, два и четири денари, објасни Божиновска.

Додаде дека секојдневно се следи и ќе се следи состојбата со горивата. Владата е во констатна комуникација и секојдневно се разговара иако, како што кажа, тоа не се нарекува кризен штаб.

-Еве денеска недела ние имавме седница на Влада, имаше Управувачки комитет исто така во 10 часот состанок и се разговараше за оваа тема, што значи дека ако постои потреба од некое посебно тело може да се формира, но ние како одговорна Влада сме во констатна комуникација, рече министерката за енергетика.

Владата денеска на седница донесе одлуки за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, пред најавеното зголемување на цените на горивата утре од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Следно

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Latest from Blog

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради
Go toTop