Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

March 20, 2026
1 min read

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање.

Во честитката, од друштвото истакнуваат дека Бајрам е празник кој ги потсетува луѓето на вистинските вредности – хуманоста, солидарноста и почитта меѓу луѓето, без разлика на нивната вера или припадност.

Тие потенцираат дека празничните денови треба да се искористат за зајакнување на заедништвото и градење мостови на разбирање, особено во мултиетничките средини како што е албанското општество.
„Илинден“ – Тирана им посакува на сите верници добро здравје, семејна среќа и духовен мир, со надеж дека празникот ќе донесе благосостојба во секој дом и ќе поттикне уште поголема меѓусебна почит и соработка.

Ова не е првпат друштвото да упати ваква порака, бидејќи традиционално испраќа честитки по повод големи празници, нагласувајќи ги вредностите на заедништво и културен соживот.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Премиерлигата ги “замрзна“ цените на билетите за гостувањата на уште две сезони!

Следно

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

Latest from Blog

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за
Go toTop