ЛШ – 1/8 финале: Сити и Челзи во (не)возможна мисија, Бодо/Глимт става печат на пласман во четвртфиналето!(ФОТО)

March 17, 2026
1 min read
фото:facebook.com/mancity

Вечерва се играат четири реванш натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон „Етихад“ каде Манчестер Сити го дочекува Реал Мадрид. На првиот меч на “Сантијаго Бернабеу“ беше 3:0 за “кралевите“, сите три гола беа дело на Федерико Валверде, па затоа Пеп и неговата чета се пред елиминација. Јасно е дека ништо уште не е готово, ама Реал тешко дека ќе си дозволи пораз од 3-4 голови разлика, посебно не кога во тимот се вратија Мбапе и Белингем.

И Челзи има пеколен реванш. Светскиот првак на свој терен треба да ги “брка“ оние 2:5 за ПСЖ. Во секој случај ќе биде супер интересно, Сити и Челзи секако дека нема однапред да се предадат, но пред себе имаат (не)возможна мисија.

Интересно, вечерва во Лондон во исто време, од 21 часот, се играат два меча во ЛШ. Првиот на “Стемфорд Бриџ“ како што веќе нагласивме, а на „Емирејтс“ домашниот Арсенал го дочекува Баер Леверкузен. На првиот меч во Германија беше 1:1, па тимот на Микел Артета има убава шанса за пласман во следната фаза. Дали вечерва дури три екипи од ПЛ ќе бидат елиминирани, останува да се види.

Бодо/Глимт или “Чудото од Норвешка“ вечерва во Лисабон ги брани тие 3:0 од првиот меч и тоа против Спортинг Лисабон. Веројатно Норвежаните ќе стават печат на пласман во 1/4 финалето.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американски бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски на донаторска средба во вилата на Трамп за кандидат за Конгрес од Ајова

Следно

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop