Напад во Мичиген: Со автомобил се забил во синагога, па почнал да пука (ВИДЕО)

March 12, 2026
1 min read

Вооружениот човек е убиен откако со автомобил влетал во синагога во пошироката област на Детроит, потврдил полицаец за CNN.

Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд им кажа на новинарите дека обезбедувањето на синагогата го забележало осомничениот по пристигнувањето и размениле оган со него.

Шерифот додаде дека училиштата во областа се евакуирани и дека жителите се повикани да се засолнат.

Инцидентот се случил во синагогата „Темпл Израел“ во Вест Блумфилд, објави NBC News.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат чад што се издига од покривот на зградата.

Еврејската федерација на Детроит соопшти дека е свесна за безбедносниот инцидент во синагогата и дека еврејските институции во областа вовеле привремена блокада како мерка на претпазливост.

Десетици полициски и итни возила од повеќе градови во округот Оукленд реагирале на местото на настанот, вклучувајќи ја државната полиција и полициските одделенија Вест Блумфилд, Фармингтон Хилс, Клосон, Обрн Хилс, Бирмингем и Плезент Риџ.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Оукленд, Стивен Хубер, изјави дека полицијата во моментов ја пребарува зградата, но не даде дополнителни детали.

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека ги следи извештаите за пукањето во синагогата и дека властите соработуваат со државната полиција на Мичиген за да соберат повеќе информации. „Антисемитизмот и насилството немаат место во Мичиген“, рече Витмер во објава на социјалните мрежи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Следно

Kostovski: Prindërit me fëmijë të tretë dhe fëmijë me nevoja të veçanta lirohen nga pagesa në çerdhe

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop