Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

March 10, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари.

-Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и заменик-министерката, само сакам да кажам дека продолжуваме да ги реализираме проектите, коишто поради периодот од годината кога помалку имаме интензивни градежни работи, а тоа е кога е постудено, кога има повеќе врнежливи, денови со снег. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности, рече премиерот во изјава за медиумите.

Тој потенцира дека дека е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции, околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два месеца и во првите пет дена од третиот месец, месец март, што претставува отприлика околу 25 проценти од вкупниот број на капитални инвестиции, коишто се предвидени за 2026 година.

-Така што, еве како ќе се засилува динамиката, така таа бројка ќе се зголемува. Очекувам така да се зголемува и бруто домашниот производ и конечно граѓаните да го почувствуваат сето она коешто го работевме во насока на стабилизација на државата, после, би рекол, една криминална влада, влада предводена од СДСМ и ДУИ, влада која што буквално ги уништи институциите, ги ограби граѓаните, ја понижи државата и после една таква, би рекол, катаклизмична состојба, како Влада дадовме сè од себе за да застанеме на нозе, да дојдеме до една, би рекол, неутрална состојба во моментов, и да продолжиме да го испорачуваме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, изјави Мицкоски.

Уште еднаш честитам на градоначалникот. Добро е да се напомене дека тука ќе има приклучок и дел од населението на Општина Бутел. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на двајцата, на градоначалникот на Чучер Сандево, на градоначалникот на Бутел, да се заблагодарам уште еднаш на Министерството, на министерот, на заменик-министерката во Министерството за животна средина и просторно планирање, на сите оние советници коишто ја поддржуваат работата на општините, на пратениците коишто застануваат позади овие проекти, исто така, администрацијата којашто со својот труд додава вредност во целиот овој процес. Така што, еден заокружен процес дава резултати и тоа може да се види на дело, додаде во изјавата и додаде:

„Јас што побрзо очекувам сето ова да биде завршено и да биде ставено во употреба, бидејќи ова им е потребно на граѓаните.

Ете, уште еднаш нека е аирлија и набргу од денеска да го пуштиме во употреба овој објект-изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лафчиски ја заврши посетата на САД со средби во Пентагон

Следно

Бортников: Во Русија спречени атентати врз високи функционери и воени команданти

Latest from Blog

Доживотен затвор за штипјанецот Асанов за бруталното убиство на Николова

Основниот суд во Штип му изрече доживотна казна затвор на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепото убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова, откако Асанов беше прогласен за

Општина Битола: Завршува реконструкцијата на улиците во Братиндол

Откако во март годинава Општина Битола ја започна реконструкцијата на улици во селото Братиндол, денеска механизацијата ги асфалтира. Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку

Коњановски: Битола се поклони пред жртвата на своите херои

Во чест на бранителите на татковината, денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот во кругот на СВР Битола, како и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот
Go toTop