Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

March 8, 2026
1 min read

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.

Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

– Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Мојата цел е до крајот на оваа недела сите наши граѓани што побарале евакуација да бидат во државава, изјави Муцунски.

Над 600 македонски државјани вкупно се очекува да бидат евакуирани, иако оваа бројка, напомена министерот, може да биде променлива.

Следниот авион, дополни, треба да пристигне во вторник.

Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им даде и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.

Муцунски за утре најави прес-конференција на која ќе соопшти детали.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани

Следно

Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран? Со години живеел „под радарот“

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop