Ѓукановиќ не се дава: Знаеме каде е „резервоарот“ за вториот круг, ќе го активираме за конечен триумф

March 20, 2023
1 min read

Актуелниот црногорски претседател вели дека е задоволен од резултатот во првиот круг, дека го добил очекуваниот број гласови и дека препознава одреден резервоар гласови што не бил активиран денеска, со кој ќе работи за да се мобилизира за вториот круг

Противкандидатот на Ѓукановиќ во вториот круг, Јаков Милатовиќ, вечерва доби поддршка од третопласираниот во првиот круг, Андрија Мандиќ, што математички го прави фаворит пред гласањето на 2 април

Актуелниот претседател на Црна Гора и победник во првиот круг, Мило Ѓукановиќ, е задоволен од резултатот од денешното гласање, а во пресрет на вториот круг од изборите за шеф на државата најавува активирање на дополнителен број гласачи за кој тврди дека знае каде е.

Тој смета дека Црна Гора денеска го покажала демократскиот капацитет, дека изборите се одвивале во мирна атмосфера, во која граѓаните слободно ја изразиле својата волја. Според него, тоа значи дека расте демократската култура во Црна Гора, што е артикулација на неговите политики и приближување до конечната цел – квалитетен живот на граѓаните во Црна Гора како на оние во Европската Унија.

„Го остваривме тоа што сакавме. Ова е точно тоа што го планиравме и што го покажаа јавните анкети. Освоив 36 отсто од гласовите, тоа е над 120 илјади гласа и го сметам за вреден резултат, кој потполно ме исполнува со задоволство. Ова е сериозна предност во однос на противкандидатот со кого ќе се натпреварувам во вториот круг, но ова не е само оптимизам, туку и јасно препознавање на одредени резервоари гласачка поддршка кои не се активирани во првиот круг. Некако го минимизиравме активирањето на сите потенцијали на поддршка. Апсолутно знаеме каде е поддршката во вториот круг и во следните 14 дена ќе работиме за нејзино активирање и наш конечен триумф“,

кажа Ѓукановиќ вечерва.

Фото: Ал џезира Балканс (скриншот)

Тој смета дека денешните резултати потврдиле уште нешто – дека на Црна Гора ѝ требаат избори, алудирајќи на парламентарни кои веќе ги закажа за 11 јуни.

„Резултатите на овие избори, не само моите туку и на противкандидатите кои се залагаат за брза организација на избори, покажуваат дека гласачкото тело е расположено во следните месеци да се случат и најважните избори – парламентарните и да ја извадиме Црна Гора од кризата во која се наоѓа. Овој исход од првиот круг е одличен ветер во грб на скорашните парламентарни избори да добиеме влада, која ќе продолжи да ја води Црна Гора по европскиот пат“,

кажа Ѓукановиќ.

Проекцијата на резултатите од денешниот прв круг што го прави Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), а врз основа на обработени 99,7 отсто од нивниот примерок, покажува дека Ѓукановиќ освоил 35,3 % од гласовите, додека втор е Јаков Милатовиќ со 29,2 отсто.

Лидерот на Демократскиот фронт и кандидат на претседателските избори, Андрија Мандиќ, уште вечерва излезе со поддршка за второпласираниот по денешното гласање – заменик-претседателот на движењето Европа сега. Милатовиќ доби поддршка и од Јован Радуловиќ, а најверојатно ќе ја добие и од четвртопласираниот Алекса Бечиќ, што математички го прави фаворит во вториот круг.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков

Следно

Еквадор го потресе земјотрес со интензитет од 6,7 степени, загинаа најмалку 14 лица

Latest from Blog

Возел со 1,58 промили алкохол во крвта – уапсен ресенчанец 

На 13.05.2025 во 00.40 часот на ул.„Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен. При сообраќајна контрола било сопрено патничко

Ретроспективна изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЗАБРАНИ ГОЛОТИЈА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал е можеби најстрого контролираниот црвен тепих во светот. Сега, фестивалот додаде нова одредба: без голотија. Иако голотијата никогаш претходно не беше одобрена на фестивалот, Кан ја

СДСМ: Мицкоски ја води државата во провалија затоа Таравари ја напушти Владата

Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата

Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“. Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен

Ѓукановиќ не се дава: Знаеме каде е резервоарот за вториот круг, ќе го активираме за конечен триумф

March 19, 2023
1 min read

Актуелниот црногорски претседател вели дека е задоволен од резултатот во првиот круг, дека го добил очекуваниот број гласови и дека препознава одреден резервоар гласови што не бил активиран денеска со кој ќе работи за да го мобилизира за вториот круг

Противкандидатот на Ѓукановиќ во вториот круг, Јаков Милатовиќ, вечерва доби поддршка од третопласираниот во првиот круг, Андрија Мандиќ, што математички го прави фаворит пред гласањето на 2 април

Актуелниот претседател на Црна Гора и победник во првиот круг, Мило Ѓукановиќ, е задоволен од резултатот од денешното гласање, а во пресрет на вториот круг најавува активирање на дополнителен резервоар гласачи за кој тврди дека знае каде е.

Тој смета дека Црна Гора денеска го покажала демократскиот капацитет, дека изборите се одвивале во мирна атмосфера, во која граѓаните слободно ја изразиле својата волја. Според него, тоа значи дека расте демократската култура во Црна Гора, што е артикулација на неговите политики и приближување до конечната цел – квалитет на живот на граѓаните во Црна Гора како на оние во Европската Унија.

„Го остваривме тоа што сакавме. Ова е точно тоа што го планиравме и што го покажаа јавните анкети. Освоив 36 отсто од гласовите, тоа е над 120 илјади гласови и го сметам за вреден резултат, кој потполно ме исполнува со задоволство. Ова е сериозна предност во однос на противкандидатот со кого ќе се натпреварувам во вториот круг, но ова не е само оптимизам, туку и јасно препознавање на одредени резервоари гласачка поддршка кои не се актвирани во првиот круг. Некако го минимизиравме активирањето на сите потенцијали на поддршка. Апсолутно знаеме каде е поддршката во вториот круг и во следните 14 дена ќе работиме за нејзино активирање и наш конечен триумф“,

кажа Ѓукановиќ вечерва.

Фото: Ал Џезира Балканс (скриншот)

Тој смета дека денешните резултати потврдиле уште нешто – дека на Црна Гора ѝ требаат избори, алудирајќи на парламентарни кои веќе ги закажа за 11 јуни.

„Резултатите на овие избори, не само моите, туку и на противкандидатите кои се залагаат за брза организација за избори, покажуваат дека гласачкото тело е расположено во следните месеци да се случат и најважните избори – парламентарните и да ја извадиме Црна Гора од кризата во која се наоѓа. Овој исход од првиот круг е одличен ветер во грб на скорешните парламентарни избори да добиеме влада, која ќе продолжи да ја води Црна Гора по европскиот пат“,

кажа Ѓукановиќ.

Проекцијата на резултатите од денешниот прв круг што го прави Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), а врз основа на обработени 99,7 отсто од нивниот примерок, покажува дека Ѓукановиќ освоил 35,3 % од гласовите, додека втор е Јаков Милатовиќ со 29,2 отсто.

Лидерот на Демократскиот фронт и кандидат на претседателските избори, Андрија Мандиќ, уште вечерва излезе со поддршка за второпласираниот по денешното гласање – заменик-претседателот на движењето „Европа сега“. Милатовиќ доби поддршка и од Јован Радуловиќ, а најверојатно ќе ја добие и од четвртопласираниот Алекса Бечиќ, што математички го прави фаворит во вториот круг.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трајковски: Првиот меч секогаш е важен на почеток на нов квалификациски циклус

Следно

Чави: Има сомнежи за офсајдот? Нема дилеми, нема полемики

Go toTop