Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран

March 4, 2026
1 min read

„Нашата војска на Блискиот Исток презема операција без преседан за да ја елиминира способноста на Иран да ги загрозува Американците“, изјави адмиралот на ЦЕНТКОМ, Бред Купер, во оперативниот извештај објавен на X.

– Веќе погодивме речиси 2.000 цели со повеќе од 2.000 парчиња муниција. Сериозно ја деградиравме иранската воздушна одбрана и уништивме стотици ирански балистички ракети, лансери и беспилотни летала – рече Купер.

За помалку од 100 часа, војската уништи и 17 ирански воени бродови, додаде тој. Меѓу нападнатите цели била и „најоперативната“ подморница на Иран. Целта е да се потопи целата иранска морнарица, повтори тој.

„Денес нема ниту еден ирански брод што плови во Арапскиот Залив [познат и како Персиски Залив или Заливот], Ормускиот Теснец или Оманскиот Залив“, рече Купер, додавајќи дека Иран со децении го вознемирува меѓународниот поморски сообраќај.

Информациите од САД првично не можеа да бидат независно проверени. Соединетите Американски Држави и Израел започнаа офанзива од големи размери против Иран во саботата, предизвикувајќи регионална ескалација додека Техеран лансираше ракети кон американските бази во неколку заливски држави.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо

Следно

Mickoski: Reformat kërkojnë strategji, përgjegjësi dhe rezultate konkrete

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop