Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование

March 3, 2026
1 min read

Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации.

САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко претседателство со најважното тело на ОН, што вклучува претседавање со состаноците. Амбасадорите во ОН или владини претставници вообичаено ги водат состаноците на 15-членото тело.

Меланија Трамп во своите воведни зборови на седницата на СБ на ОН им изрази сочувство на „семејствата кои ги загубија своите херои, кои ги жртвуваа своите животи за слободата“, пренесе германската агенција.

„САД се со сите деца низ целиот свет. Се надевам дека наскоро мирот ќе биде ваш“, рече таа.

Првата дама рече дека образованието е од суштинско значење за спречување на конфликти.

„Трајниот мир ќе се постигне кога знаењето и разбирањето ќе бидат целосно вреднувани во сите општества. Вредноста што ја даваат на образованието лидерите на една нација го обликува јадрото на системот на верувања на нивната земја“, рече таа.

„Нација што го прави учењето свето ги штити своите книги, својот јазик, својата наука и својата математика – ја штити својата иднина. Ова води кон нешто моќно – кон поголемо разбирање, морално расудување – и толеранција кон другите. Мир“, додаде првата дама на САД.

Меланија Трамп ги повика членките да го заштитат учењето и да го промовираат пристапот до образование за сите.

„Ве молам да изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование.“

Таа не ја спомена американско-израелската офанзива што започна во саботата против Иран.

Нејзиното појавување се случи во услови на затегнати односи меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Обединетите нации.

Податоците на ОН сугерираат дека САД ѝ должат на организацијата милијарди долари.

Американскиот претседател постојано ги критикуваше ОН како „неефикасни“, ги повлече САД од неколку институции на ОН и меѓународни договори, а неодамна ги претстави и своите иницијативи како што е Одборот за мир – што критичарите го сметаат за обид на претседателот да создаде ривал на ОН, потсети ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот тековно, застои нема

Следно

Нов повик за компании: Ваучери до 28.000 денари за инвертер клими за ранливи категории

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop