Сиљановска-Давкова: Состојбата во Македонија е стабилна и безбедна (ВИДЕО)

March 1, 2026
2 mins read

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за  национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со Генералштабот на Армијата, изјави вечерва претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за медиумите по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во претседателската Вила Водно, свикана поради влошената состојба на Блискиот Исток.

-Ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасности по безбедноста внатре и во регионот. Систем на рано предупредување веќе псоти заради координацијата на сите надлежни органи и тој е многу важен и поврзан со постојано следење на воените состојби. Значи, институциите ја следат состојбата во рамките на надлежноста, ги анализираат состојбите, се координираат, информираат и затоа мислам дека оваа оценка на стабилност и на безбедност е релевантна и важна, истакна претседателката.

Посочи дека редовно се вршат проценки на ризиците и сите присутни на состанокот, кој во Вила Водно траеше повеќе од два часа, се обврзале дека тоа ќе продолжат да го прават.

-Се разбира ние сме во координација и со органите во регионот. Се уште НАТО немал седница која ќе биде посветена, меѓутоа Советот за безбедност заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе бидат споделени. Долга беше седницата заради темелноста на анализите и на информациите. Секогаш во вакви ситуации размислуваме за можното влијание не само на безбедноста туку и на економијата, на користењето на енергенсите итн.  Во тој поглед, исто така, надлежните информираа дека нема проблем, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува да мора да има обезбедена нафта од 40 до 90 дена и тоа е исполнето. Значи, од она што го чув јас како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов. Се разбира ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, изјави Сиљановска-Давкова.

Како што рече, од надлежните добила информаци дека под заштита и под контрола е седиштето на Еврејската заедница и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, поради можните закани кон синагогите и други еврејски објекти низ светот на кои треба да им се посвети посебно внимание.

-И тоа се следи, и тоа е под заштита и контрола, што значи не може да очекуваме изненадување, додаде претседателката.

Советот за безбедност беше во комплетен состав, цело време на седницата преку видеоврска учествувал и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој е во Соединетите Американски Држави и од него, рече Сиљановска-Давкова, ги добиле информациите за растечкиот број македонски државјани во регионот на Блискиот Исток . До нив е пратена пораката од Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП-ата и да се регистрираат за да бидат во предвид за евентуална евакуација.

-Најважно е дека формираниот Кризен центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани. Се разбира дека луѓето се загрижени, причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, како на пример Катар, можноста беше со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи коешто работи на тоа да најде најдобар начин најбрзо што е можно за да може оние кои сакаат да дојдат овде, рече претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на Советот за безбедност. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Следно

Бела куќа: Трамп и Нетанјаху разговараа по телефон

Latest from Blog

ММФ со позитивна оценка за македонската економија: раст, стабилност и намален долг

8 јуни 2026 година, Скопје – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците

НЕИДЕНТИФИКУВАН ДРОН експлодираше во Молдавија

Молдавската полиција денес објави дека беспилотно летало, најверојатно борбен дрон, експлодирал на периферијата на селото Лопатна, во округот Орхеј, во ноќта меѓу 7 и 8 јуни, и потврди дека нема повредени. „Властите

Општина Битола: Нов спортски комплекс за жителите на „Стрелиште“

Жителите на населбата „Стрелиште“ во Битола по повеќе од две децении ќе добијат нови и современи спортски терени, откако Општина Битола започнува реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција и модернизација на

Адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров: Правдата за загадувањето ја бараме и во Стразбур

Правната борба против загадувањето од домашните судови се сели во судот за човекови права во Стразбур. Неодамна се докажа дека нашата држава со голи раце „војувала“ против загадувањето, односно ова со судска
Go toTop