Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен, обврските се сервисираат навреме

February 27, 2026
1 min read

Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план. „Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот.

Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа јасно покажува дека јавните финансии се стабилни и во добра кондиција. Нашите политики се насочени кон фискална консолидација, транспарентност и градење доверба кај инвеститорите и јавноста“, кажа  Димитриеска Кочоска.

Министерката повтори дека од почетокот на годината државата се задолжи со една милијарда евра со цел раздолжување на постојни обврски, а дополнително ќе се обезбедат уште 300 милиони евра од странство, исто така наменети за сервисирање на долг кој доспева,  бидејќи како што кажа, само во 2026 година доспеваат околу две милијарди евра обврски, информација што континуирано и транспарентно се соопштува, при што, како што посочи министерката, станува збор за одговорно управување со јавниот долг, а не за ново нето задолжување. „Буџетскиот дефицит бележи континуирано намалување, од 4,4 проценти од БДП во 2024 година, на 4 проценти во 2025 година, со проектирани 3,5 проценти во 2026 година, што претставува јасен сигнал за фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии„ кажа министерката. Осврнувајќи се на еврообврзницата, таа нагласи дека најниската каматна стапка која што е постигната со нејзиното издавање е резултат на месеци посветена работа и интензивна комуникација со меѓународните инвеститори. „Нема ниту еден коментар за најниската каматна стапка што ја добивме на еврообврзницата. Тоа не доаѓа „од небо“. Тоа е резултат на месеци работа и постојана комуникација со инвеститорите, кои на дневна основа поставуваат прашања за буџетот, економијата, плановите и секако  за наследените состојби, кои внимателно ги следат економските политики, буџетската дисциплина, реформските процеси и наследените состојби“ кажа министерката. Министерката нагласи дека останува приоритет одговорното управување со јавните финансии, одржувањето на макроекономската стабилност и обезбедувањето предвидлива и сигурна економска средина за граѓаните и бизнисите.

 

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Менкиноски во „24 Анализа“: Колективната одговорност не носи правда за „Кочани“

Следно

Општина Прилеп избра Локално собрание на млади со 24 претставници

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop