Европски стандарди во Охрид: „Баткоски“ го претвора стоматолошкиот третман во туристичко искуство

February 25, 2026
2 mins read

Сè повеќе Италијанци доаѓаат во Охрид по поубава и здрава насмевка. Кон крајот на март и почетокот на април градот очекува нова организирана група посетители од Италија што доаѓаат за стоматолошки третман во центарот „Д-р Баткоски“ заедно со краток престој на охридската ривиера. Трендот се вклопува во пошироката слика на раст на вонсезонскиот туризам во Македонија, каде само во  декември 2025 се регистрирани 59.521 туристи, при што бројот на туристи од странство е повисок за 10,3% во однос на истиот период претходната година. Во оваа слика, најголемата македонска туристичка атракција Охрид повеќе од десет години се развива како дестинација за здравствен туризам.

Блискоста до аеродромот му помага на квалитетниот и современ дентален сектор во Охрид да привлекува туристи од Европа, кои патуваат во организирани тури и со практична цел, а попатно го посетуваат и македонскиот бисер со богата култура и историски знаменитости.

„Д-р Баткоски е иновативен центар што го претвора стоматолошкиот третман во современ и предвидлив процес за пациентите. Во центарот користиме модерни апарати, напредни техники и третмани за стоматолошко лекување и за хируршки стоматолошки интервенции. Подготвуваме персонализирани планови за секој пациент, што им дава можност на пациентите темелно да се запознаат со постапките и да им објасниме ќе се работи.  Нашите случаи се засноваат на концептот Digital Smile Design или „дигитална насмевка“ која ни овозможува темелно да ја испланираме стоматолошката рехабилитација и да му овозможиме на пациентот уште во процесот на планирање да ја види својата нова насмевка. Кон секого имаме различен пристап во зависност од потребите, односно одржуваме персонализиран план со јасни чекори и темпо што е реално за пациентот, независно дали е локален или странски посетител“, вели менаџерот и основач на центарот, спец. д-р Небојша Баткоски.

 

Можноста за авионски превоз до Охрид дозволува медицинскиот туризам да се насочи и кон подалечни европски локации. Сепак може да се очекува оваа приказна да стане уште поинтересна за италијанска публика поради директната авиоповрзаност. ТАВ Македонија веќе најави дека од 2026 нови авиодестинации се линијата до Милано и линијата до Неапол, преку Скопје и Охрид, што практично ја отвора вратата за поголем обем на организирани групи, но и индивидуални пациенти кои сакаат да го спојат третманот со краток престој на охридската ривиера.

Како своевиден амбасадор на Охрид преку стоматолошкиот туризам, центарот освојува доверба преку професионалниот однос и врвниот квалитетот на услугата. Резултат на спојот е добро обмислен претприемнички исчекор и уште во 2007 година Центарот отвори и хируршки оддел со стандарди усогласени со најстроги европски барања.

„Нашата приказна се разви преку спојувањето на професионалната амбиција за развој и можноста на пациентот да се понуди посета на Охрид. Но, продолжуваме да ја развиваме приказната. Почнувајќи од 2026 година центарот е првиот имплант тренинг-центар во Европа лиценциран за „Ditron Dental“. Со тоа Охрид не е само град каде се доаѓа поради културата, стоматолошките третмани, туку станува и град каде се доаѓа по знаење“, објаснува спец. д-р Баткоски.

А кога не сте во ординацијата, во Охрид има што да се види и да се посети. Иако понудата се збогатува со понуди од типот „Заб за еден ден“, сепак пациентите сакаат да останат неколку дена и помеѓу третманите да ја разгледаат охридската ривиера. Како и Охрид, кој е град кој што ги спојува старото и новото, и „Д-р Баткоски“ ја носи истата логика во стоматологијата, традиција што трае повеќе од 25 години, но е изведена со дигитална прецизност и современи третмани.

Развојот на медицинскиот туризам во Македонија бележи развој во последните три децении, но не секоја дестинација може да се пофали дека активно е дел од туристичката економија, без да изгуби на квалитет.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Виткоф: Состанокот меѓу Путин и Зеленски е клучен поради прашањето за територии

Следно

Коњановски и Божиновска: Поддршка за зелени проекти и иновации во Битола

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop