РАИЧЕВИЌ СО ЈАСНА ПОРАКА: Новиот државен обвинител мора да го отвори случајот „Пулс“

February 23, 2026
1 min read

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“.

Таа истакна дека секој што ја извршува функцијата државен обвинител има обврска да биде целосно запознаен со предметите од јавен интерес, без разлика дали тоа некој го бара или не.

„И никој ништо да не бара, и никој ништо да не збори и да е довербата голема, тој што ќе седне како Државен обвинител должност му е да го отвори тој предмет, да ги побара обвинителите коишто работеле и да го запознаат, да го напојат со информации како течела истрагата, како дошло до правно квалификување вакво какво што е, како се одвива главната расправа, за да тој може да биде во тек, затоа што во секој момент тој е лицето на обвинителство кое седи во судницата и треба да знае“, изјави Раичевиќ.

Со ова, таа нагласи дека информираноста и следењето на текот на постапките се клучни за одговорно извршување на функцијата, особено во случаи кои предизвикуваат силен јавен интерес

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И повторно Словенецот во главна улога: Шешко е херојот на Јунајтед!

Следно

Здружението „Копачка“ подготвува извештај за УНЕСКО и нови активности во 2026 година

Latest from Blog

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop