Здружението „Копачка“ подготвува извештај за УНЕСКО и нови активности во 2026 година

February 23, 2026
1 min read

Националниот координатор за Конвенцијата од 2003 година на УНЕСКО, Ивона Опетчевска – Татарчевска присуствуваше на Годишното собрание на Здружението „Копачка“ по повод подготовката на новиот шестгодишен извештај за УНЕСКО.

-Иако со Копачката соработуваме повеќе од 15 години, нашата заедничка работа на номинацијата за нејзино впишување во УНЕСКО започна во 2011 година. Поводот за моето присуство на годишното собрание е токму подготовката на новиот извештај, кој е обврска, но и чест за мене како национален координатор – изјави Опетчевска Татарчевска.

Таа појасни дека од 2013 година извештаите повеќе не ги подготвуваат државите, туку национални координатори – експерти со долгогодишно искуство. Извештаите се оценуваат според 26 индикатори, со кои се вреднува не само работата на здружението, туку и поддршката што државата ја обезбедува, со цел традицијата да остане на листата на УНЕСКО.

Претседателката на Здружението „Копачка“, Перса Стојановска додаде дека заедно со Националниот координатор континуирано работат на зачувување и унапредување на традицијата, како преку редовни активности, така и преку проектни апликации на национално и меѓународно ниво.

-Разговарајќи околу можностите како најприсно да се сретнеме и со членовите на фолклорната група ‘Копачка’, ја информирав дека денес треба да одржиме годишно собрание со цел да ја разгледаме завршната сметка и да поднесеме извештај за работењето за 2025 година, како и да усвоиме годишната програма за 2026 година. Тоа беше погоден момент за да се вклопи во нашата програма. Мене ми е чест и задоволство што таа ни е многу драг гостин и ќе го проследи годишното собрание и донесувањето на одлуките што ги спомнав – изјави Стојановска.

Таа додаде дека здружението и годинава преку Министерството за култура редовно ќе го реализира проектот „Копачка 2026“.

-За друг проект е поднесен приговор, а дополнително ќе аплицираме и за меѓународна поддршка.  Во тек е и процедурата во Општина Делчево, каде сè уште не се објавени резултатите. Таму аплициравме со потпрограма која предвидува цели за откуп на народни носии – додаде Стојановска.

Централна активност на здружението годинава е одбележувањето на пет години од смртта на народниот уметник Димитар Узунски.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РАИЧЕВИЌ СО ЈАСНА ПОРАКА: Новиот државен обвинител мора да го отвори случајот „Пулс“

Следно

Шокантен извештај: Епштајн ги криел фотографиите и снимките во тајни складишта низ САД

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop