Најмногу поскапеа становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

February 19, 2026
1 min read

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

– Анализата на опсегот на постигната продажна цена по метар квадратен укажува дека најнизок забележан минимум во втората половина од годинава има во Чаир, 19.543 денари по метар квадратен, а највисок забележан максимум има во Центар 232.722 денари по метар квадратен, покажува Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година што ги објави денеска Агенцијата за катастар на недвижности.

Најмногу продажби на станови во второто шестмесечје од 2025 година има во Аеродром – 240, Чаир – 188, Центар – 186, Карпош – 171, а највисока вкупна вредност на остварена цена од продажба на станови постигната е во Центар 1.379.518 илјада денари, Аеродром 1.347.308 илјада денари, Карпош 1.088.279 илјада денари. Највисока просечна цена по метар квадратен постигната е во Центар, 104,3 илјада денари по метар квадратен, Карпош, 99,6 илјада денари по метар квадратен, Аеродром, 88,9 илјада денари по метар квадратен, Кисела Вода, 83,2 илјада денари по метар квадратен, Охрид, 78,1 илјада денари по метар квадратен.

Според Извештајот, највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар – 82,8 милиони евра, Аеродром – 59,1 милиони евра, Карпош – 57 милиони евра, а најниска во Велес – 5,6 милиони евра.

Споредувајќи со истиот период од претходната година, највисок раст на обемот на купопродажби имаат Штип со 46 проценти и Гостивар 43 проценти, а најголем пад има Велес со 30 проценти.

Најмногу купопродажби во второто шестмесечје од 2025 година се направени во Аеродром – 757 купопродажби, по што следуваат Центар со 636 купопродажби и Гази Баба со 586 купопродажби, а најмалку во Бутел – 203 купопродажби.

Движењето на цените меѓу второто шестмесечје од оваа година, наспроти истиот период од претходната година укажува на пораст на бројот на продадени станови во Гостивар, 93 проценти, Штип, 23 проценти, Прилеп, 15 проценти и Тетово, 13 проценти, а најголем пад на бројот на продадени станови има во Струмица 20 проценти и Битола 19 проценти.

Од 1 јули до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини регистрирани се вкупно 17.603 трансакции. Споредбено со првото полугодие од 2025 година, во второто полугодие на 2025 има пораст на вкупниот број на трансакции на пазарот на недвижности за 11,6 проценти. Во однос на второто полугодие од 2024 година забележан е благ пораст на вкупниот број трансакции на пазарот на недвижности за 6,4 проценти.

Од Агенцијата за катастар на недвижности оценуваат дека растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности.

Во втората половина од 2025 година во Регистарот се впишани 9953 продажби на недвижности, 2031 продажби од инвеститор, 306 откупи од државата и 75 продажби на лицитација, односно вкупен број од 12365 купопродажби што укажува на благ пораст за 3,4 проценти во однос на втората половина од 2024 година.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алегри доби суспензија и нема да го води Милан против Парма

Следно

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште, но криви, ни должни го мешаат моето семејство

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop