Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште, но криви, ни должни го мешаат моето семејство

February 19, 2026
1 min read

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион.

Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 посочи дека секој кој имал потреба и го запазил протоколот го користел владиниот авион.

– Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип покажувајќи лист од барањето за патувањето.

Сега, вели Мицкоски, повторно ќе треба да се извинуваат, осудени се во неколку наврати како политичка партија дека клеветат и дека лажат.

Тој посочи дека во изминатите 20 месеци од опозицијата не слушнал ништо освен лаги и лични навреди. – Ние како опозиција имавме политики кои ги нудевме како решение, рече Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу поскапеа становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Следно

Одборот за мир на Трамп го претстави повоениот план за Газа

Latest from Blog

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на
Go toTop