Преместувањето на жителите од кампот ал-Хол во Сирија се смета за чекор кон негово затворање

February 18, 2026
1 min read

Кампот претходно беше под контрола на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, но беше преземен од сириските владини сили минатиот месец, кога Дамаск ја прошири контролата во таа област, пренесе ДПА.

– Преместувањето почна во вторникот со околу 400 префрлени лица, а денеска се префрлаат уште речиси 300 – изјави за ДПА Мунзир Салал, раководител на независната група на граѓанското општество „Единица за поддршка на стабилизацијата“ (SSU). Неговата група ѝ помага на владата во процесот на преместување.

Салал предвиде дека преместувањето би можело да трае една недела, додавајќи дека ова е потег за конечно затворање на кампот и почеток на работата за реинтеграција на лицата кои беа притворени таму во нивните општества.

Рами Абдел Рахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права, мониторинг група која го документира насилството во Сирија, изјави дека „илјадници луѓе избегале од ал-Хол. Некои успеале да побегнат сами кога се повлекоа СДФ, додека на други им помогнаа провладините милитантни групи.“ Тој, исто така, го опиша преместувањето како клучен чекор кон трајно затворање на кампот.

Џихан Ханан, поранешната раководителка на ал-Хол од редовите на СДФ, изјави за ДПА од тајна локација дека за време на повлекувањето на СДФ, некои жители ги пробиле оградите на кампот, со помош на роднини или милитанти кои упаднале во објектот.

Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР во неделата соопшти дека „забележала значително намалување на бројот на жители во кампот ал-Хол во последните недели“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Следно

Меџити испрати честитка: Нека Рамазан донесе мир и благосостојба

Latest from Blog

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на
Go toTop