Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

February 18, 2026
1 min read

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.

-Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе, појасни Николоски.

Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.

-Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство, нагласи Николоски.

Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.

-Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди, истакна Николоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Проданоски: Поставени темелите за нов развој на Прилеп

Следно

Преместувањето на жителите од кампот ал-Хол во Сирија се смета за чекор кон негово затворање

Latest from Blog

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на
Go toTop