Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9

February 17, 2026
1 min read

Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година.

Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Во ЕУ најмладо население има Ирска 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 година од 2015 година, кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоти се враќа во Рома: Во преговори сме!

Следно

Проданоски: Крај на застојот, Прилеп отвора простор за развој

Latest from Blog

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања. Овој тип на

Иновациите го менуваат рударството: „Сувото одлагалиште“ како решение за поголема заштита на природата

Технолошките иновации сè повеќе го трансформираат рударството, а една од најзначајните е примената на „суво одлагалиште“. Овој метод, кој добива поддршка од меѓународната научна и стручна јавност, овозможува рударскиот отпад да се

Македонскиот пасош на 33. место во светот, посилен од повеќето во регионот

Скопје, 21 јули – Македонскиот пасош се наоѓа на 33. место на светската ранг-листа според моќта на патните исправи, покажуваат најновите податоци на Passport Index на Arton Capital, пренесува Журнал. Според рангирањето, граѓаните на Северна Македонија можат да патуваат без

Коњановски: Битола има што да понуди, туризмот е важен двигател на економијата

Во Битола денеска во салата на Советот, се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на

МЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!

Фото: Интер Мајами Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени
Go toTop