ЈП Градски паркинг Скопје ѝ се извини на велешанката со попреченост која доби казна иако коректно се паркирала

March 19, 2023
1 min read

Последниве неколку дена на социјалните мрежи е актуелен случајот со велешанката со попреченост, Билјана Гаврилова-Станковска, која доби казна од 3.000 денари од ЈП Градски паркинг Скопје затоа што паркирала на место обележано за лица со попреченост. Таа потоа доби извинување од директорот на јавното претпријатие, Крсте Петревски, по што ѝ беа вратени средствата кои ги издвои за да ѝ се отстрани блокаторот.

Таа на нејзиниот „фејсбук” профил ја сподели приказната, што потоа брзо се прошири низ медиумите. Паркирана на паркингот кај меѓуградската автобуска станица во Скопје на паркинг место означено за лица со попреченост, со автомобил кој имал соодветна ознака, како и со пратена смс-порака за електронска наплата на паркирањето, Гаврилова-Станковска добила блокатор на возилото затоа што според надлежните, месата биле наменети само за возила со скопски регистрации.

Образложението кое го добив беше „вие сте од друг град и не смеете да паркирате“. Јас им реков, зошто не напишете дека паркингов важи само за возила од Скопје. Но, запознати со тоа што Град Скопје не дозволува бесплатни паркинзи за возилата од другите градови кои носат ознака за лице со инвалидитет, уредно си пративме смс-порака.

Таа во разговор со „А1Он” објаснува дека од ЈП Градски паркинг ѝ рекле дека „пораката не важи кога си паркиран на инвалидско место”. Таа објаснува дека во останатите градови во земјава никаде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило иако си од друг град, а според неа „само Скопје има дискриминирачко правило”.

Не е мојот случај единствен, а ова ми се случува вторпат. Првиот пат немав пратено-смс затоа што не знаевме дека е забрането паркирање за инвалиди од друг град. Зошто само скопјани да паркираат. Ќе поднесам преставка до Комисијата за дискриминација. Здружението „Мобилност Македонија“ стои зад мене и оваа борба ќе ја истераме до крај – вели Гаврилова-Станковска.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чави: Наша победа би била голем удар за Реал

Следно

Црна Гора избира претседател: На гласачкото ливче има седум имиња

Latest from Blog

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови

Премиерот Мицкоски утре во посета на ГОБ „8 Септември“ во Скопје

Премиерот на Република Македонија Христија Мицкоски утре ќе ја посети ГОБ „8 Септември“ во Скопје. -Ве известуваме дека утре 11.09.2025 година (четврток) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан
Go toTop