СДСМ го осуди „навредливото однесување на Вучиќ“ кон Шекеринска

February 15, 2026
1 min read

„СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат, овој пат негова цел беше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО. Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија“ (нагласувајќи го нејзиниот пол на понижувачки начин, како тоа да е релевантно за аргументот), ја обвини Шекеринска дека има врска со сецесијата на 13-14% од територијата на Србија (мислејќи на Косово)“ соопштија утринава од СДСМ.

Велат „ова е класичен пример за стилот на Вучиќ – навреди наместо аргументи, што открива длабоко вкоренет шовинизам и понижување на жените. Таквиот однос кон жените не е само личен манир на Вучиќ, туку претставува системски проблем во политичките кругови каде жените на високи позиции често се таргетираат врз основа на нивниот пол, со што се девалвираат нивните професионални достигнувања и придонеси“.

„Ова понижување на жените е облик на мизогинија што ја поткопува родовата рамноправност и придонесува за токсична политичка клима во регионот. СДСМ недвосмислено ја поддржува Радмила Шекеринска, која нема никаква врска со обвинувањата за сецесионизам и која секогаш се залагала за дијалог и стабилност на Западен Балкан. Нејзината улога во НАТО е доказ за силата и компетентноста на жените во меѓународната политика, а ваквите напади ги гледаме како обид за минимизирање на таквите успеси“ е ставот на опозициската партија.

Од таму велат „за разлика од авторитарните режими, како оние на Вучиќ и на ВМРО, кои користат шовинизам за да ја одржат моќта, СДСМ верува дека рамноправноста е основа за напредно општество. Единствено останува прашањето дали ова е само личен однос кон Шекеринска или зад тоа стои и нешто друго“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

Следно

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет

Latest from Blog

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс

Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера. Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона,

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што
Go toTop