ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски правеше есап без народот, нека се охрабри и нека излезе на избори

March 18, 2023
1 min read

Ковачевски можеби заборавил, ама и врапчињата знаат дека е премиер поради кој има највисока инфлација, сиромаштија, и корупција. Тој од Европска Унија има врска само кога се работи за евровалутата која ја пресметува кога влегува во некој личен бизнис, се вели во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на владата Димитар Ковачевски/

-Полна му е устата со западни вредности, а доделува дебели тендери на компании со руски и кинески капитал. Зборува за напредок, а тешки милиони доделува на фирма за гаќи да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор. Тоа се вредностите и капацитетите на Ковачевски. Кога пак се работи за националните и државните интереси, тогаш тоа се апстрактна именка за Ковачевски. Тој и неговата влада правеле есап без народот. Ниту народот, ниту експертите, ниту опозицијата ги прашаа кога правеа договори со Бугарија. Сега е крајно лицемерно да ги доведуваат сите пред свршен чин. На Ковачевски кога веќе му бројат денови на фотелја, нека се охрабри и нека излезе на избори, па граѓаните јасно да кажат како ќе се одвиваат клучните процеси во државата. истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку шест луѓе загинаа по земјотресот во Еквадор

Следно

Како во најдобрите денови: Роналдо со голчиште од слободен удар! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop