Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

February 11, 2026
1 min read

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на периодот кога Советот го водеше сега поранешната претседателка Габриела Илиевска.

Организацијата на жени Битола на Фејсбук објави фотографии од денешната средба со членовите на Комисијата за еднакви можности пишувајќи отворено – „Нашата цел е воспоставување на соработка која беше прекината во изминатите 4 години“ па наведува дека „По четиригодишен застој на работата повторно се отворени за соработка и стојат на располагање за сите проблеми, препораки, критики и сл.“

Соработката продолжува со претседателка Марина Крстиќ, воедно и заменик градоначалничка на Општина Битола, наведуваат од Организација на жени.

633760357 926140536768223 553912971560635204 n

Претседателката на Организација на жени – Битола, Светлана Петковска во изјава за медиумот наведува дека во претходниот состав на Советот на Општина Битола не само што била прекината соработката со Комисијата туку и тие како Организација на жени добивале оскудна финансиска поддршка за целогодишната работа и ангажмани од Советот на Општина Битола.

„Денес Организацијата на жени на Општина Битола имаше средба со Комисијата на еднакви можности на Општина Битола со сите нејзини членови и со дел од советниците од општината кои изразија желба да бидат присутни. Состанокот го организиравме ние како членки на Организацијата на жени, а по повод нашите два проекти „Менструална правда“ и „Женските деца се деца во поделба на имотот“. Организацијата на жени покрај овие два проекти го искористи моментот да ја покаже својата работа и постоење кај сите членови на Комисијата за еднакви можности од 1944 година наваму, бидејќи во последните 4 години ние како едни од основачите на Комисијата за еднакви можности, заедно со тогашната власт и тогашните членови на Советот на Општина Битола први во Македонија направивме Комисија за еднакви можности по насоките на ЕУ.

За жал, соработката на Организација на жени Битола со Комисијата за еднакви можности во последните четири години го изгуби континуитетот. Организација на жени не знаеше зошто не бевме ни финансиски поддржани од Комисијата за еднакви можности, или во годините кога бевме поддржани, зборувам за изминатите 4 години, добивавме по 9 до 10 илјади денари за целогодишната наша работа. Денес на состанокот сето тоа се потрудивме да се надминеме со тоа што ја образложивме нашата работа и активности за општото добро на градот, жените, мажите и децата во нашата општина и пошироко во општините Могила и Новаци оти и таму често работиме, изјави Светлана Петковска, претседателка на Организација на жени Битола.

633164620 926141283434815 2433231838756365504 n 1

633250066 926140020101608 3406819648022397253 n

633643518 926139110101699 1067316393089929366 n

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Следно

Честитки од Меџити по изборот на новата влада на Албин Курти

Latest from Blog

Кој се кладел на 400.000 долари ДЕКА ПУТИН ЌЕ ЗАМИНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година! Мистериозниот облог привлече големо внимание

Во СДСМ ќе се дискутира за тоа што барала Славјанка Петровска на настан на „нова демократска платформа“

Органите и телата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) идната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од партијата и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие
Go toTop