Манасиевски: Советник на Спасовски влијаел врз истрагите на СЈО

February 11, 2026
2 mins read

Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи, односно СЈО работело под насока на Заев и СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во техничката влада пред околу 10тина години, во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу, дека треба да се прошири опсегот на лица опфатени со случајот, случај кој тогаш го работела обвинителката Кадриу.  Откако ова таа не го прифатила, тој си заминал на друго место да се жали, а за кратко време обвинителката Кадриу била избркана од работа.

На овој начин СДС, Заев и Оливер Спасовски, раководеле преку Катица Јанева со СЈО. Тие одлучувале кој предмет ќе треба да се работи, кој обвинител ќе го работи  и кои лица ќе треба да се опфатат и кој ќе треба да се одговара.

 

Сите овие предмети меѓу другите обвинители ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска, додека Катица Јанева била само координатор, бидејќи немала познавање од материјата.

Донесените кривични пријави, кои ќе повторам биле напишани на ливче и не биле запишани согласно закон од страна на оваа претходна четворка која ја споменав, биле пренесувани од ЈО, за да ги работи СЈО, поради желбата на Зоран Заев и СДС. Доколку некој не сакал да ги работи овие предмети, бил оттргнат од СЈО, како што е и случајот со поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која вели дека не сакала да учествува во криминалот на Јанева и затоа била избркана од работа.

Дополнително на ова, истите овие материјали, во форма на прислушувани разговори, таканаречени бомби кои СДС и Заев ги пуштаа во јавноста, не можеле да бидат доказ во судски предмет, поради тоа што станува збор за вербален деликт. Но, со само една одлука на апелационен судија ова стана доказ во овие случаи. А, да ја потсетиме јавноста, дека пред само еден месец, кај еден апелационен судија беа најдени пари заѕидани во ѕид, што отвара дополнителни сомнежи.

Според сведоштвото на Кадриу, ова било добро смислено за да се спреми терен за да се прифаќа во судот се што СЈО ќе измисли по насока на СДС. До толку било поврзано судството и обвинителството и СЈО како институција, да овде не станува збор за правда и одговорност, туку исполнување на желбите на поединци од СДС, како Заев и Спасовски, преку обвинителите во СЈО, кои работеле незаконито. Доколку некој одреден судија не се однесувал како тимски играч со Катица и СЈО, му се правеле одредени притисоци и закани, за да се отргне пречката, за да можат СЈО и СДС ја продолжат нивната игра.

Токму поради овие работи, поранешен судија, претседател на еден од судовите во Македонија, беше и осуден на затворска казна.

Почитувани граѓани,

Вистината порано или подоцна излегува на виделина. Се што ВМРО-ДПМНЕ говореше во минатото, денес самите обвинители од тогашното СЈО го потврдуваат. Најголемото зло кое му се има случено на правосудниот и политичкиот систем во Македонија е СЈО и СДС, предводени од Катица Јанева и Зоран Заев. Едната личност знаеме како заврши, очекуваме ЈО да си го испита и овој случај и неселективно да постапува“, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

Следно

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop