Screenshot

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

February 11, 2026
1 min read

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Телевизија Канал 5, најавувајќи конкретни инфраструктурни и урбани зафати во градот.

Проданоски истакна дека средствата ќе бидат насочени кон проекти што директно го подобруваат квалитетот на животот, паралелно со кадровски промени во јавните претпријатија со цел зголемена ефикасност. „Внесуваме нова енергија во системот и поставуваме основа за поодговорно управување“, нагласи тој.

Во делот на инфраструктурата, најавена е програма од 168 милиони денари за реконструкција на улици, како и изградба на патот Бешиште–Полчиште во Мариово. Приоритет останува обезбедувањето пристап до чиста вода за пиење, канализација и електрична енергија за сите населени места.

Со засилено темпо се работи кон комплетно уредување на коритото на градската река, со изградба на кејски ѕидови и поставување урбана опрема, со што просторот ќе се трансформира во рекреативна зона. Проданоски посочи дека досегашните активности за чистење веќе дале резултат, спречувајќи поплавување на населбата Димо Наредникот при обилни врнежи.

Осврнувајќи се на образованието и спортот, градоначалникот го издвои проектот за новата градинка со капацитет од 250 деца, финансирана со општински средства. Тој додаде дека Прилеп има потреба од затворен базен и модерен трговски центар, при што е предвидено преку јавно-приватно партнерство да се привлечат инвеститори за изградба на мол, додека во соработка со Владата и Министерството за спорт се работи на ревитализација на спортските објекти во градот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Следно

Манасиевски: Советник на Спасовски влијаел врз истрагите на СЈО

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop