Мицкоски: Лично ќе се занимавам со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“

March 18, 2023
1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува дека за месеци од сега, лично тој ќе се занимава со скандалот поврзан со надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10Д.

Прашан дали ќе бара да реагира Обвинителството, Мицкоски посочи дека не очекува такво нешто, но и дека овој, како што рече криминал, може само засега да се става под тепих.

„Овој криминал сега може да се стави под тепих и тие луѓе кои што се соучесници и оваа фирма за долен веш која што се пријавува како надзор на овој капитален проект треба да им е јасно дека за месеци од денеска лично јас ќе се занимавам со овој проект односно со оваа јавна набавка со која што треба да се врши надзор и супервизија на градежните работи во изградба на два значајни коридори односно два значајни патни правци кои што се поделени сега во четири отсечки а кои што се дел од коридорот 8 и коридорот 10 Д. Еве лично на македонската јавност и кажувам дека лично јас ќе се занимавам и се ќе дадам од себе за да виновниците кои што се обидуваат на маката на овој опљачкан напатен и осиромашен народ да печалат дополнителни пари да бидат изведени пред лицето на правдата. И ова не е закана ова е предупредување. Затоа што нема играње мора во оваа држава да престанеме да си играме со трпението на народот и со маката на народот, доста е политичари криминалци, доста е од политичари кои што се богатата на маката на народот“,

изјави Мицкоски денеска од Охрид, каде заедно со градоначалникот Пецаков е во увид на градежни активности.

„360 степени“ објави дека за надзорот над „Бехтел и Енка“ ќе се издвојат вртоглави суми – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер.

Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт, кои ќе бидат вклучени во надзорот, само 5 се странци од кои четворица од земји од соседството.

Според документите, на 4 лица од правниот тим за преговори за цената на чинење на градбата на автопатските делници им се дадени паушали од 300 илјада евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1 200 000 евра.

Најголем дел од 22,3 милионскиот тендер одат кај „Електра солушнс“ или подизведувачите што ги ангажирале. Тоа се околу 8,3 милиони евра. Втора по „тежина“ е, исто така, македонската „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ за кого има обвинение во Ерменија – за чии услуги се наменети околу 7,1 милиони евра од тендерот. Од останатите пари, 4,1 милиони одат кај ИРД од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на ИРД во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400 000 евра.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маратон во Охрид, разговорите влегоа во осмиот час

Следно

(ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Еквадор: Луѓето панично бегаат, зградите се уриваат

Latest from Blog

Бајден најави дека Израел и Либан постигнале договор за ставање крај на конфликтот

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, синоќа соопшти дека владите на Либан и Израел го одобриле американскиот предлог за ставање крај на уништувачкиот конфликт меѓу Израел и групата

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ, заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата се

Магливо наутро, преку ден сончево време!

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop